Корисник:Iva S./ТестСтатија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Содржина

[уреди] Графички дизајн

Графичките симболи често се функционалистички и безимени, како што на овие пиктографи од Службата на националниот парк во САД е илустрирано.


Графичкиот дизајн е креативен процeс во кој се вклучени клиентот и дизајнерот и обично се изработува преку произведувачите на форма, (графичари, програмери, фирмописци итн.) отпочнат со цел да се испрати одредена порака/пораки до публиката.

Изразот графички дизајн може да се однесува и на бројот на уметнички и професионални дисциплини кои се сконцентрирани на визуелната комуникација и приказ. Полето како целина, исто така, е познато како Визуелна Комуникација или Комуникациски Дизајн. Се употребуваат разни методи за да се создадат и комбинираат зборови, симболи и слики со цел да се создаде визуелно претставување на идеи и пораки. Графичкиот дизајнер може да употреби техники на типографија, визуелна уметност И изглед на страница за да го добие крајниот резултат. Графичкиот дизајн често се однесува на процесот (дизајнирањето) преку кој се создава комуникацијата и производите (моделите) кои се произведуваат.

Вообичаената употреба на графичкиот дизајн го вклучува идентитетот (лого и марка) ВЕБ страните, издаваштво (списанија, весници и книги), рекламирање и амбалажа на производот. На пример, амбалажата може да вклучува лого или друга уметничка изработка, организиран текст и чисти дизајнерски елементи како што се форми и боја, кои го соединуваат делото. Композицијата е едно од најважните белези на графичкиот дизајн, особено кога се корстат веќе постоечки материјали или различни елементи.

[уреди] Историја на графичкиот дизајн

Додека графичкиот дизајн како дисциплина има релативно кратка историја, називот графички дизајн за првпат е измислен од Вилијам

Едисон Двигинс во 1922 г. и истите активности се протегаат низ историјата на човештвото: од пештерите на Ласко до

Страница од Книгата од Келс: Folio 114v, Илустриран текст. Tunc dicit illis

Трајановиот столб во Рим, до украсните ракописи од Средниот век, до светлечките неони во Гинза. Во оваа опширна историја и во релативно неодамнешната експанзија на визуелна комуникација во 20-тиот и 21-от век, понекогаш има заматена разлика и вкрстување на рекламната уметност, графичкиот дизајн и ликовната уметност. Сепак, сите делат многу исти елементи, теории, принципи, вештини и стилови и понекогаш ист добродетел и клиент. Во рекламната уметност главна цел е продажбата на добра и услуги. Во графичкиот дизајн суштината е да и се даде ред на информацијата, форма на идеите, израз и чувство на ракотворбите кои го документираат човечкото искуство.


[уреди] Историја на печатењето

За време на Династијата Танг (616 - 906) помеѓу IV и VII век од н.е. се сечеле дрвени калапи за печатење врз текстил и подоцна за правење копии на будистички текстови. Најраната позната печатена книга е будистички запис од 868 г. Започнувајќи од 19 век биле произведени подолги ролни и книги преку печатење од подвижен тип, правејќи ги книгите широко достапни за време на Династијата Сонг (960–1279). Некаде околу 1450 г. печатарската машина на Џон Гутенберг придонела за поширока достапност на книгите во Европа. Со дизајнот на книгата Алдус Манутиус ја развил структурата која станала основа на западниот издавачко печатење. Оваа ера на графички дизајн се нарекува Ренесансен хуманизам или Стар стил.


[уреди] Појава на дизајнерската индустрија

Во доцните години на 19 век во Европа, особено во Обединетото Кралство, започнало одвојувањето на графичкиот дизајн од ликовната уменост. Во 1849 г. Хенри Кол станал еден од големите сили во дизајнерсктото образование во Велика Британија, информирајќи ја Владата за важноста на дизајнот во неговиот Дневник за дизајн и производи (англиски:Journal of Design and Manufactures. Тој ја организирал Големата Изложба како славење на модерната индустриска технологија и Викторијанскиот дизајн.

Од 1891 до 1896 г. "Печатницата на Вилијам Морис Келмскот" (William Morris’ Kelmscott Press) издавал книги кои се едни од најважните за графички дизајнираните производи на Движењето за применета уметност. Започнал многу профитабилен бизнис на создавање книги со голема стилска префинетост продавајќи ги на богатите за повисока цена.

Морис докажал дека пазарот постои за делата од графичкиот дизајн и помогнал да се создаде поделбата на дизајнот од производството и ликовната уменост. Работата на "Печатницата Келмскот" (Kelmscott Press) се карактеризира по својата опсесија со историски стилови. Како и да е, овој историцизам бил важен затоа што придонел за првата важна реакција од страна на државата која била застарена во поглед на графичкиот дизајн од 20-тиот век. Работата на Морис, заедно со останатите од движењето на Приватната Печатница директно влијаеле на Арт Нуво (Art Nouveau) и биле индиректно одговорни за развојот на графичкиот дизајн од 20-тиот век воопшто.

[уреди] Дизајн од 20-тиот век

Називот графички дизајн за првпат се појавил во весник во есеј од 1922 год. наречен "Нов вид на печатење бара нов вид на дозајн" од Вилијам Едисон Двигин, американски книжевен дизајнер во раниот 20-ти век.

"Рафовиот графички дизајн", издадена во 1922 год. се смета за првата книга што го искористила поимот во својот наслов.

Натписот на Лондонското подземје е класичен пример за дизајн во современата ера и употребен фонт на букви дизајниран од Едвард Џонсот во 1916 год.

Во 1920 год. советскиот конструктивизам го вметнал "интелектуалното производство" во различни сфери на производството. Во револуционерната Русија, движењето ја гледало индивидуалната уметност како бескорисна и така продолжила напред кон креирање на предмети за утилитарни цели. Тие дизајнирале градби, театарски сцени, постери, материјали, облека, мебел, логоа, менија итн.

Џен Шехолд ги координирал принципите на модерната типографија во неговата книга "Нова типографија" од 1928 год. Тој подоцна се одрекол од

Авион Боинг 747 именуван како "Авион на американскиот претседател". Тиркизните форми, знамето на САД, претседателскиот амблем и Caslon буквите биле дизајнирани во различни времиња и комбинирани од страна на дизајнерот Рејмонд Луи во овој финален дизајн

фашистичката филозофија поткрепена во неговата книга, но сепак таа останала доста влијателна. Шехолд, Баухаус и други графичари како Херберт Бејер, Лазло Мохоли-Наги, Ел Лециски се татковците на графичкиот дизајн каков што го знаеме денес. Тие првo ги вовеле производните техники и стилски уреди употребени низ 20-от век. Во годините што следеле графичкиот дизајн станал дел од современиот стил и се здобил со распространета прифатеност и употреба. Напредната економија во Америка по Втората светска војна утврдила поголема употреба за графички дизајн, главно рекламирање и пакување.

Преселбата на Германското училиште за дизајн “Баухаус”('Bauhaus') во Чикаго во 1935 год. го донела "масовно произведениот" минимализам во Америка фрлајќи оган врз современата архитектура и дизајн. Позабележливи имиња од областа на дизајнот во Средниот век се Адриан Фрутигер, дизајнер на фонтовите Универз и Фрутигер, Пол Рент кој од доцните 30-ти години до неговата смрт во 1996 год. ги применил принципите на "Баухаус" во популарното рекламирање и дизајнирање на логоа, притоа помагајќи во создавањето на единствениот американски пристап кон европскиот минимализам. Тој станува еден од главните изумители на подгрупата на графичкиот дизајн позната како корпоративен идентитет и Јозеф Мулер Брокмен кој дизајнирал постери на груб, но сепак достапен начин типичен за ерата на 50-тите И 70-тите години.


[уреди] Примена

Од сообраќајни знаци до технички шеми, од интерканцелариски меморандуми до упатства за употреба, графичкиот дизајн го зголемува пренесувањето на знаење. Читкоста е зголемена со подобрување на визуелната презентација на текстот.

Дизајнот може да помогне во продавање на производот или идејата преку ефикасна визуелна комуникација. Тој се применува на производи и елементи од идентитетот на компанијата преку логоа, бои, амбалажа и текст. Сите овие се дефинираат како брендирање. Во рамките на услугите понудени од многу графички дизајнери, бриндирањето доби поголемо значење. Додека поимите се менливи, брендирањето е исклучиво поврзано со марката за идентификување или заштитното име на производот или услугата, каде корпоративниот идентитет може да има пошироко значење поврзано со структурата и етосот на една компанија, како и за нејзиниот надворешен изглед. Графичките дизајнери често се дел од тимот кој што работи на корпоративниот идентитет и брендирањето на проектите. Другите членови од тој тим го сочинуваат комерцијалисти, консултанти за комуникација и рекламни автори.

Учебниците се дизајнирани за да претстават предмети како географија, наука и математика. Овие изданија содржат нацрти кои илустрираат теории и дијаграми. Како пример на графика упоребена за едукација ќе го спомнеме дијаграмот на човечката анатомија. Графичкиот дизајн се применува во едукативни материјали со цел да ја направат информацијата подостапна и поразбирлива.

Графичкиот дизајн се применува во забавната индустрија, односно во декорирањето, сцената и визуелното раскажување на приказната. Дизајнот за забавни цели се применува и во романи, стрипови, ДВД корици, при најава и завршеток на филм и програми и реквизити на сцена. Може да вклучи и илустрации (печатење) на облека и други испечатени предмети за продажба.

Од научни списанија до пренесување на вести, презентацијата на мислењето и фактите често се пренесува графички и преку мисловни композиции на визуелни информации, познати како информациски дизајн. Дневните весници, списанијата, блоговите, телевизијата и документарните филмови можат да употребат графички дизајн при информирањето и забавата. При употребата на ВЕБ страните информациските дизајнери ја користат програмата Адоб Флеш (Adobe Flash) за илустрација на изгледот на нови вести.


[уреди] Способности

Еден графичко-дизајнерски проект може да вклучи стилизирање и презентација на еден постоечки текст и која било веќе постоечка изложеност во слика или слики создадени од графичкиот дизајнер.

На пример, за една сторија во дневен весник се задолжени новинарите или фоторепортерите, а потоа работата на графичкиот дизајнер е да создеде прифатлив изглед за страната и да воочи ако се бараат некои други графички елементи. Во натписите во списанијата или рекламите графичкиот дизајнер или уметничкиот директор често им даваат задача на фоторепортерите или илустраторите да создадат оригинални дела за да се здружат во создавањето на дизајнерскиот нацрт. Дизајнерот може да употреби веќе постоечка слика или фотографија. Современите дизајнерски вештини се проширија преку современиот компјутер. На пример, при употребата на ТШГТКД (тоа што го гледате тоа и го добивате - англиски: WUSIWUG- what you see is what you get) корисникот се соочува со интерактивен дизајн или мултимедијален дизајн.

[уреди] Визуелна уметност

Пред да бидат употребени во дизајнот, графичките елементи мора да настанат со помош на визуелно-уметнички вештини. Овие графики се често (но не секогаш) создадени од страна на графичкиот дизајнер. Визуелната уметност вклучува изработки кои, по природа се визуелни, користејќи сè, од традиционален медиум до фотографија или компјутерски применета уметност.

[уреди] Типографија

Типографијата е сочинета од уметност, занает и техники на типот на дизајн, приспособување на стилот на глифови и тип на подготовка. Типот на глифови (букви) се создадени и приспособени за користење на разновидни илустрациски техники. Подготовката на определениот тип вклучува избор на печатарски слогови, големина на точки, должина на линии, простор меѓу редови и простор меѓу букви.

Типографијата се изведува од страна на графичари, сложувачи на текст, типографичари, уметнички директори и канцелариски работници. Пред појавата на дигиталната ера, типографијата била специјализирана струка. Дигитализацијата ја направи типографијата достапна за новите генерации на визуелни дизајнери и нестручни корисници.

[уреди] Изглед на страница

Аспектот за изгледот на страницата на графичкиот дизајн претставува уредување на елементите (содржината) на страната, како што е вметнувањето на слика и текстуалниот нацрт и стил. Започнувајќи од раното рачно украсување на рачно напишани книги во Средниот век и продолжувајќи со усложнување на современите нацрти на списанија и каталози, структурното дизајнирање на страници веќе долго се изработува во испечатена форма. Во печаните медиуми, елементите обично вклучуваат букви (текст), слика (фотографија) и графичко пополнување на текст за елементи кои не се печатени во боја, како со калап/ласерско сечење, печатење со станиол или релјефно врежување.


[уреди] Интерфејс дизајн

Уште од појавата на светската интернет мрежа и еволуцијата на компјутерскиот софтвер, многу графички дизајнери се вмешаа во интерфејс дизајнот. Ова вклучува ВЕБ и софтверски дизајн, каде интерактивноста на крајниот корисник се зема во предвид за нацртот или интерфејсот (поврзувањето). Комбинирајќи ги визуелно-комуникациските вештини со интерактивно-комуникациските на корисникот и онлајн (англиски: Online) брендирањето, графичките дизајнери често работат со софтверските и ВЕБ програмери за да го создадат изгледот на ВЕБ страната или употребата на софтверот и да го прошират интерактивното искуство на корисникот или посетителот на истата. Важен аспецт на интерфејс дизајнот е дизајнот на симболи.

[уреди] Печатење

Печатењето е процес на изработување на уметнички дела преку печатење на хартија или други материјали и површини. Освен во случај на монотипивање, процесот е оспособен за произведување на многубројни примероци од истото дело и се нарекува печатење. Секое парче е оригинално затоа што не е копие на друго уметничко дело и технички е познато како отпечаток. Боењето или пак цртањето создаваат уникатно единствено уметничко парче. Графиката се создава од само една едиствена површина технички позната како матрица. Познати типови на матрици се: метални плочи, обично од бакар или цинк за штамбосување или гравирање; камен кој се користи за литографија, дрвени блокови за гравури, линолеум за линолеумски гравури и фабрички плочи за отпечатување на екран. Испечатените дела од една плоча, секое потпишано и изброено, формираат едно ограничено издание. Печатените дела може да се издадат во книжна форма како уметнички книги. Едно печатено дело може да биде производ на една или повеќе техники.

[уреди] Хроматографија

Хроматографијата е област која објаснува како очите ја перцепираат бојата и како да се објаснат и организираат боите во печатачот и на екранот. Мрежницата на окото е покриена со два светлосни рецептора наречени стапчиња и конуси. Стапчињата се чувствители на светлина, но не и на боја. Конусите се помалку чувствителни на светлина, но одлично ја перцепираат бојата.

[уреди] Алатки

,Примери за графички дизајн Wikimedia Commons project icon.

Умот можеби е најважната алатка на графичкиот дизајн. Покрај технологијата, графичкиот дизајн бара осмислување и креативност. За дизајнерските нацрти и изведби се бара критично, надгледувачко, квантитавино и аналитичко мислење. Ако извршителот целосно го следи само решението (на пр. Скицата, сценариото или инструкциите) овозможено од друг дизајнер (уметничкиот директор), тогаш тој нема потреба да го ангажира дизајнерот.

Методот на презентирање (уредувањето, стилот, медиумите) може да е еднакво важен за дизајнот. Нацртот е создаден со користење на традиционални или дигитални алатки за менување на слика. Соодветното усовршување и алатки за презентација може да го сменат начинот на тоа како публиката прифаќа еден проект.

Во средиата на 80-тите години со појавата на компјутерското издаваштво и апликациите за софтвер за графичка уметност донесоа генерација на дизајнери за ракување со компјутерски слики и дела кои претходно биле рачно изведувани. Компјутерскиот графички дизајн им овозможува на дизајнерите веднаш да ги воочат ефектите на раликите во нацртите или типографијата и да ги симулираат ефектите на традиционалните медиуми без потреба од голем простор. Како и да е, традиционалните алатки, како што се моливи и маркери, се користат дури и кога компјутерите служат за крајниот производ; дизајнерот или уметничкиот директор можат рачно да скицираат бројни концепти како дел од креативниот процес. Некои од овие скици можат да му се понудат на клиентот за одобрување на почетната фаза, односно дизајнерот тоа го прави пред да ја развие целосната идеја користејќи компјутерски и графичко-дизајнерски софтверски алатки.

Компјутерите се незаменлива алатка во индустријата на графичкиот дизајн. Креативните професионалци ги сметаат компјутерите и софтверските апликации за поефективни алатки, отколку традиционалните методи. Како и да е, некои дизајнери продолжуваат да ги користат вообичаените и традиционални алатки за продукција како што тоа го прави Милтон Гласер.

При процесот на експериментирање со алатки и методи може да дојде до раѓање на нови идеи. Некои дизајнери ги истражуваат идеите користејќи молив и хартија за да ги избегнат ограничувањата при користење на какви било компјутерски фонтови, графика и стандардни слики, или изведувачки филтери (пр. Каис Пауер Тулс - англиски:Kai’s Power Tools) кои се достапни во секаков облик.

Други дизајнери користат многу поразлични алатки и извори, од компјутери до застарени техники со цел да дојдат до инспирирачка креативност. Една од главните особини на графичкиот дизајн е тоа што од една сликовна селекција се создава алат со цел, на најдобар начин да се пренесе правото значење.


[уреди] Компјутери и креативниот процес

Постојат дебати за тоа дали компјутерите помагаат при зголемување на креативниот процес на графичкиот дизајн. Брзата компјутерска обработка им дозволува на многу дизајнери брзо да доаѓаат до повеќе идеи, со повеќе детали отколку што би можело да биде постигнато преку традиционална рачна изработка или прекопирање на хартија движејќи го побрзо дизајнерот низ креативниот процес. Сепак соочувањето со неограничените избори не може да помогне во изборот на најдобро дизајнерско решение и може да доведе до бескрајни повторувања, без крајно дизајнерско решение.

Графичкиот дизајнер може да користи скици со цел да добие побројни или комплексни идеи побрзо без софтверските попречувања и компликации. Рачно изработените концепти често се користат со цел да се дојде до одобрување на идеја, пред дизајнерот да посвети време за да ги создаде завршните визуелни ефекти на компјутер или со прекопирање. Истите кратки скици или груби нацрти на хартија можат да бидат употребени за побрзо да се усоврши и изведе идејата на компјутер преку комбиниран процес. Овој комбиниран процес посебно е корисен во дизајнирањето на лого каде софтверската научна крива може да одземе многу од креативниот мисловен процес. Традиционално комбинираниот процес на дизајнерско-компјутерска преработка може да се употреби за слобода во нечија креативност при нацртот на страната или создавањето на сликата.

Во почетоците на компјутерското издаваштво, многу "традиционални" графички дизајнери немале потреба од познавање на компјутерската технологија при реализирање на своите идеи, затоа што најчесто се потпирале на компјутеските вештини на продуцентите. Сепак оваа вештина не била многу употребувана заради појавата на компјутерското издателство пред 30-тина години.

Денес употребата на компјутери и графички софтвер се изучува на повеќето курсеви за графички дизајн.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник