Корисник:Марија Костадинова/Small basic

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предметот има за цел да ги запознае учениците од основното образование со основните концепти на програмирањето кое е суштински дел на инфор матиката како наука за работа со податоци и со тоа да им овозможи да ја согледаат разликата помеѓу корисниците на готови софтверски производи и креаторите на компјутерски програми.

Алгоритам претставува множество упатства со точно зададен редослед на чекори со цел да се реши даден проблем. Постојат два вида на алгоритми: текстуален и графички алгоритам. Предности кај текстуалниот алгоритам е тоа што зафаќа помал простор, а недостаток е тоа што е по непрегледен. Предности кај графичкиот алгоритам е тоа што е по прегледен, а недостаток е тоа што зафаќа поголем простор. За да работат компјутерите се потребни програми. Програмите се напишани на јазици кои се специјално дизајнирани со ограничено множество на инструкции. Тие се наречени програмски јазици. Програмски јазик е вештачки јазик и се користи за пишување на програми, односно софтверот на компјутерот. Компјутерското програмирање се дефинира како процес на создавање на компјутерски програми со употреба на програмски јазици. За да ги пишува и развива своите програми, програмерот користи група на програми кои ја сочинуваат таканаречената околина за програмирање. Една од нив е Microsoft Small Basic.

Работната околина на Small Basic[уреди | уреди извор]

Програмската околина речиси секогаш се состои од едитор, компајлер, библиотека на готови програми и дебагер.

Едитор е специјално дизајниран текстуален едитор каде се пишува изворниот код на програмата. Исто така може да работите со повеќе програми истовремено при што секоја програма што ќе ја работите ќе биде прикажана на посебен едитор. Едиторот кој што ја содржи тековната програмата се нарекува активен едитор.

Компајлер е преведувач од изворна во извршна програма.

Дебагер ги пронаоѓа грешките во програмата.