Категорија:Глума

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бидејќи снимањето на филмските дела се изведува по кадри, а тоа значи парче по парче, филмскиот актер во секој одделен кадар треба да се соживува со улогата на ликот што го толкува, а таа од него бара посебни способности и посебни напори.

Филмскиот актер работи според упатствата на режисерот и снимателот, но и покрај тоа тој со својата способност за глумење дава значаен придонес во успешната реализација на филмското дело.

ГЛУМА[уреди | уреди извор]

Под поимот глума подразбираме специфичен начин на оживување на драмското дејство со помош на повеќе изразни средства.

Задачата на глумецот не се состои само во тоа да го интерпретира текстот, туку да го прикаже настанот, да го води дејството.

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ АКТЕРОТ ВО ТЕАТАР И ФИЛМСКИОТ ГЛУМЕЦ?[уреди | уреди извор]

Филмскиот глумец им е многу близок на гледачите бидејќи филмската камера ја регистрира секоја промена на неговото лице и неговото однесување. Затоа, филмскиот глумец мора да глуми природно и повоздржано од актерот во театарот. Филмскиот глумец постојано се прекинува бидејќи снима кадар по кадар кои на крајот се подредуваат и спојуваат. Тој не мора секогаш да учествува со својот глас. Доколку главниот глумец има неадекватен глас, лош говор, се пронаоѓа друг глумец и се синхронизира неговиот глас, додека улогата ја глуми главниот глумец. Во некои филмови каде што има потреба од скокање, качување по јаже, јавање коњ и сл. се ангажираат стручњаци кои се нарекуваат каскадери.

Каскадер е двојник на главниот јунак (дублер) што го заменува во снимањето на опасни сцени во филмот.

Главни средства кај глумецот, кои се важни при снимање на филм се: мимика, говор, гест, движење, поглед, фотогеничност, природност и др.

Како во театарот така и во филмот постојат глумци кои ја играат главната улога и епизодни кои се појавуваат само во некоја епизода. На сцената (во театар) актерот ја игра улогата во континуитет, а во филмот глумецот снима дел по дел. Во текот на снимањето филмскиот глумец нема контакт со публиката како што е случај со театарскиот актер. Филмскиот глумец игра пред камерата и режисерот кој ја усмерува и обликува неговата работа.

Поткатегории

Оваа категорија ја содржи само следнава поткатегорија.

Г