Кардански велосипед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кардански велосипед
Велосипедски кардан од „Сасекс“

Кардански велосипедбезланчен велосипед што користи кардан наместо ланец за пренос на силата од педалите до тркалото. Се појавиле пред еден век, но биле заменети со ланчени преноси заради поголемиот опсег на брзините со ѕвездестите запченици и осовинскиот пренос. Во последно време се имаат појавено некои кардански велосипеди заради подобрувањата во технологијата на внатрешни запченици.

Карданските велосипеди имаат големи конусни запченици на местото каде обичниот велосипед има педална гарнитура. Ова се вклупува во друг конусен запченик на карданот. Со ваквите запченици карданот може да се врти прекршен под агол од 90 степени. Потоа карданот има уште еден конусен запченик близу осовината на задното тркало кој се вклопува во конусен запченик на самата осовина каде би била задната ѕвезда кај обичниот велосипед. Конусните запченици се користат токму поради оваа промена на агли при преносот. Тие се најефикасни при прекршен пренос, споредени со полжавестиот запченик или пак вкрстениот спирален запченик. Карданот е лесто спарен со осовински запченик кој е внатрешен запченик во цилиндар на самата осовина. Денес постојат три значајни производители на осовински преноси пригодни за карданска употреба: Шимано, СПРАМ и Стурми-Арчер.

Некогаш и денес[уреди]

Илустраница ја патент за подобрувања во велосипедскиот кардански систем, 1912 год.
Велосипед „Сасекс“

карданскиот велосипед бил измислен во доцниот XIX век. Најголемиот дел од работата на системот ја извршила француската фирма Л'Акатан. Во ова време карданскиот велосипед бил агресивно рекламиран и уживал умерена популарност во 1898 и 1899, иако самата продажба била многу помала одколку онаа на стандардни велоисипеди, главно заради цената. Исто така овие велосипеди биле малку понеефикасни од обичните велосипеди, а тркалата им биле потешки за отстранување при менување на гума. Во изминатиот век овие пречки биле надминати.

Во текот на XX век овие велосипеди речиси исчезнале.

Денес карданскиот велосипед дожувува своевидна мала ренесанса. Пoстојат неколку поглавни и повеќе мали производители:

  • Динакрафт - еден од најголемите производители на евтини велосипеди во светот, нуди модел Декра Д-Драјв.
  • ЛЛ Бин - исто така нуди кардански велосипеди.
  • Сасекс - тајвански производител на кардански системи за многу производители на велоспиеди од среден квалитет (како на пр. Динамик Бајсиклс).
  • Беиксо - производител на кардански велосипеди за европскиот пазар.
  • Зироу - британски производител на кардански велосипеди.
  • Оксфорд Чејнлес - мала канадска фирма.

Предности[уреди]

  • Компактност: Карданот и конусните запченици земаат помалку простор од затворен ланец.
  • Возна висина: Карданот дава поголема возна висина.
  • Затворен пренос: Карданот и запчениците се сосема затворени, а со тоа заштитени од нагризување и оштетување.
  • Безбедност: Не постои опасноста за вплектување на облека или прсти како меѓу ланецот и ѕвездите.
  • Уредност: Бидејќи велосипедскиот ланец бара подмачкување, со маст или масло, ланчениот велосипед може да ги исфлека облеката и рацете на возачот.
  • Постојан квалитет на работење: Карданските механизми работат со многу доследно и постојано ниво на работење, без прилагодување и одржување.
  • Погодност за подолги погонски склопови: Карданскиот погон е особено погоден за многу разни хоризонтални склопови каде има хоризонтална разлика помеѓу педалната гарнитура и задното тркало. Тука е тешко да се запази напнатоста на ланецот. Исто така ланецот по облик може да не е прав, барајќи употреба на помошни ѕвезди. Карданот со леснотија се врти под вакви агли, со помош на кардански зглоб.

Неповолности[уреди]

  • Губиток на сила: карданскиот систем е за малку понеефикасен од ланчениот систем.
  • Комплексност: Иако карданскиот систем изгледа прост по надворешноста, изработката на запчениците внатре е многу покомплексна во споредба со ланец и ѕвезди.
  • Цена: Заради комплексноста на изработка, цената на чинење на ваквиот велоспиед е повисока.
  • Опсег на брзини: Највеќето 21 или повеќе-брзинци иаат поголем оспег на брзините од карданските велосипеди со нивниот осовински пренос на брзини.
  • Тежина: Карданскиот велосипед е потежок за околу половина килограм од нему еквивалентен ланчен велосипед.

Надворешни врски[уреди]