Камен во уста (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Камен во уста (ит. Il Sasso In Bocca) е италијански филм од 1969 година. Режисер и сценарист на филмот е Џузепе Ферара (ит. Guiseppe Ferrara). Улогите ги играат Карло Деле Пиане (ит. Carlo Delle Piane), Џузепе Ди Бела (ит. Giuseppe Di Bella), Акурсио Ди Лео (ит. Accursio Di Leo), Франка Скиуто (ит. Franca Sciutto) и други.

Опис[уреди | уреди извор]

Овој филм потврдува дека понекогаш вистината пишува поголеми романи од фантазијата: „Камен во уста“ претставува реконструкција на околу 100 вистински настани кои се случиле во мафијашките групации и дава неверојатна историска слика (од фашизмот до шеесеттите години) за општествениот феномен наречен “мафија”. Така е извршена документација на можните начини да се чувствуваш мафијаш (почнувајќи од молкот и страшните казни, како на пример каменот во уста на убиените кои „проговориле“); тајната организација на “почитуваното здружение”; илегалните пазари, пред с# на дрога; инфилтрацијата во државните органи; големите убиства, политички злосторства (меѓу кои и масакрот во Портела), скандалозните судења, сложените мрежи на моќ, соучесништво, предавства, соживот.

Во филмот нема главен лик, иако во одредени епизоди се преплетуваат личностите на познатите мафијашки шефови како Дон Кало, Џенко Русо, Салваторе Џулијано, Вито Џеновезе, Лаки Лучано кои се среќаваат и доаѓаат во судир со народните претставници како Ликаузи, Канепа, детективи на ФБИ како на пр. Дики или претставници на синдикатот како на пр. Риѕото. Главната улога во филмот ја има мафијата, нејзините паразитски односи со општествените структури се прикажани со чудесен ефект и истовремено со антрополошка строгост. Филмот е снимен во местата каде се одвивале вистинските настани, со глумци земени од вистинскиот живот. Камен во уста е првиот филм што ја прикажува мафијата таква каква што е, надвор од митот и завиеноста, со цел да се препознае за да се уништи. Филм кој веќе се здоби со прецизно место во филмската историја.