Исчезнување на Статуата на Слободата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Трикот при кој исчезнува Статуата на Слободата, емитуван во живо во 1983 година, е еден од најпознатите и најнезаборавни трикови на Дејвид Коперфилд. Илузијата е креација на Џим Штајнмеер [1], и сѐ уште не е објавена.

Метод[уреди]

Објаснувањето на Паундстоун[уреди]

Во книгата Поголеми тајни, Вилијам Паундстоун ги објавува своите претпоставки и објаснувања на Штајмееровата илузија. Паундстоун претполага дека целата сцена, вклучувајќи го и просторот за публиката бил сместен на ротациона платформа. Во мигот кога се спуштиле завесите и кога погледот бил блокиран, платформата почнала да се ротира—доволно бавно за да биде неприметно. Кога повторно се кренале завесите, публиката била насочена кон морето наместо кон статуата. Паундстон понатаму елаборира дека, откако сцената била веќе изротирана, и самата статуа била затскриена зад светло-обоена завеса. За уште подобро да се пренасочи вниманието на публиката, биле распоредени два светлосни прстени: еден, на почетокот запален, околу статуата, и уште еден (прво темен и невидлив) во областа каде подоцна бил пренасочен погледот на публиката. Кога трикот се "случил", светлата околу статуата биле затемнети, а оние вторите запалени. Радарот прикажан во текот на телевизискиот пренос бил анимација. Блицовите на трите кодак апарати кои ја сликаат статуата во мигот на "исчезнувањето", според мислењето на Паундстоун, не би биле доволно моќни самостојно да ја осветлат статуата откако првобитните светла биле исклучени.

Некои сметаат дека ова објаснување е сепак незадоволително и тврдат дека еден дел од статуата - пиедесталот, односно самата основа - била постојано видлива за публиката. Од друга страна, и големината на ротационата платформа би требало да ги надминува сите досега познати размери, а при тоа и бешумно да се движи, што за многумина се многу контрадикторни објаснувања.

Друго објаснување[уреди]

Многумина сметаат дека самата статуа била многу помал модел поставен на сцена сместена подалеку од Њујорк Сити, а самата публика - група платени актери. Во одбрана на оваа теорија застануваат и фактот дека светлата на круната на Статуата на Слободата блеснуваат со доста светол сјај пред исчезнувањето, доста различен во однос на мекиот син блесок што го имаат оригиналните светла, како и тврдењето дека бројот на групите видливи светла наместо оригиналните десет се зголемува на единаесет. Исто така, по исчезнувањето може да се слушне громогласен аплауз, но никој на снимката не изгледа дека аплаудира.

Белешки[уреди]

Пауднстоун, Вилијам. (1986). „Поголеми тајни“. Houghton Mifflin. 

Види исто[уреди]

Надворешни врски[уреди]