Интеграциско тестирање

Од Википедија — слободната енциклопедија

Интеграциско испробување (скратено I&T) е фаза во испробување на програмска опрема во која одделни софтверски модули се комбинираат и испробуваат како група. Интеграциското испробување се спроведува за да се оцени усогласеноста на системот или компонентата со специфичните функционални барања.[1] Тоа се случува по unit испробување и пред валидациско испробување. Интеграциското испробување ги зема влезните модули кои се испробувани по unit/единица, ги групира во поголеми агрегати, применува тестови дефинирани во план за интеграциско испробување на тие агрегати и го дава како излез интегралниот систем подготвен за системско испробување.[2]

Пристап[уреди | уреди извор]

Некои различни типови на интеграциско испробување се голема ексползија, мешани (сендвичи), најризични, од горе надолу и оддолу нагоре. Други модели на интеграција[3] се: интеграција на соработка, интеграција на ’рбетот, интеграција на слоеви, интеграција клиент-сервер, интеграција на дистрибуирани услуги и интеграција на висока честота.

Во пристапот голема експлозија, повеќето развиени модули се споени заедно за да формираат комплетен софтверски систем или голем дел од системот, а потоа се користат за интеграциско испробување. Овој метод е многу ефикасен за заштеда на време во процесот на интеграциско испробување. Меѓутоа, ако случаите на испробување и нивните резултати не се запишат правилно, целиот процес на интеграција ќе биде покомплициран и може да го спречи тимот за испробување да ја постигне целта за интеграциско испробување.

Испробување оддолу(bottom-up) е пристап на интеграциско испробување каде што прво се испробуваат компоненти од најниско ниво, а потоа се користат за олеснување на испробувањето на компонентите од повисоко ниво. Процесот се повторува сè додека не се испробува компонентата на врвот на хиерархијата. Сите модули, постапки или функции на дното или на ниско ниво се интегрирани и потоа се испробуваат. По интеграциското испробување на интегрираните модули на пониско ниво, ќе се формира следното ниво на модули и може да се користи за испробување на интеграција. Овој пристап е корисен само кога сите или повеќето од модулите на исто ниво на развој се подготвени. Овој метод исто така помага да се утврдат нивоата на развиен софтвер и го олеснува известувањето за напредокот на испробувањето во форма на процент.

Испробување од горе надолу(top-down) е пристап кон интеграциско испробување каде што се испробуваат врвните интегрирани модули и гранката на модулот се испробува чекор по чекор до крајот на сродниот модул.

Сендвич(мешано) испробување е пристап за комбинирање на испробување од горе надолу со испробување оддолу нагоре.

Едно ограничување на овој вид испробување е дека сите услови што не се наведени во наведените интеграциски тестови, надвор од потврдата за извршување на дизајнерските елементи, генерално нема да бидат испробувани.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ISO/IEC/IEEE International Standard - Systems and software engineering. ISO/IEC/IEEE 24765:2010(E). 2010. стр. vol., no., pp.1–418, 15 Dec. 2010.
  2. Martyn A Ould & Charles Unwin (ed), Testing in Software Development, BCS (1986), p71. Accessed 31 Oct 2014
  3. Binder, Robert V.: Testing Object-Oriented Systems: Models, Patterns, and Tools. Addison Wesley 1999. ISBN 0-201-80938-9