Инженерски менаџмент

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зборот инженерски манаџмент потекнува од англискиот збор manage што значи управување. Кога се спомнува зборот менaџмент се спомнува во научен аспект најчесто се мисли на наука што го проучува управувањето на организационите системи. Постојат повеќе дефиниции за значењето на поимот менаџмент. Пред сè тоа претставува умешност за искористување на ограничените ресурси и средства.

Исто така под поимот менаџмент се подразбира и способност за обавување (извршување) на дадена работа. Менаџментот има за цел со што помалку вложувања да оствари што поголеми резултати во работењето (стопанисувањето). Менаџментот претставува мултидисциплинарна активност која игра пресудна улога за опстанокот на претпријатието. Со принципите на менаџментот треба да бидат запознаени луѓе од најразлични профили, претприемачи, инженери, економисти, т.е. сите оние кои на било кој начин се вклучени во процесот на управување, организирање и водење на производството или услужните дејности.

Посебно тоа е важно во денешното пазарно ориентирано општество каде главни одлики се конкуренцијата и постојаните промени. Професионалните менаџери треба да имаат јасни цели, отворени визии и пред сè: знаење, вештина и желба за акција, за да можат да се справат со тековните и идни ситуации и да овозможат развој и одржување на конкурентноста на компанијата во која работат. Во врска со поимот менаџмент, неговата појава и значење, има размислување дека неразвиените земји не се неразвиени заради недостаток на природни ресурси, туку заради неразвиен менаџмент. Денешната практика го потврдува тоа, бидејќи во најразвиените земји (САД, Јапонија, Германија...) најмногу се применуваат принципите на менџментот во производството, а сознанијата до кои доаѓаат менаџерите од тие земји се општоприфатени и доведуваат до подобрување на производните резултати насекаде во светот.

Само ќе споменеме неколку успешни компании на светско ниво кои се синоним за успешен менаџмент: IBM, General Electrics, Toyota, Microsoft, FedEx, ABB, Siemens, Sony, Dell, HP,… Менаџментот претставува неопходна активност која мора да се применува во сите организациони системи: фабрики, болници, школи. Основни функции на менаџментот се:

  • Планирање
  • Организација
  • Водење
  • Насочување
  • Комуникација
  • Мотивација
  • Контрола и др.

Според Хенри Фаjол (1841-1925), еден од основоположниците на научниот менаџмент секое претпријатие освен менаџмент, треба да ги има и следниве функции: техничка, финансиска, сметководствeна и безбедносна. При тоа, клучните елементи и поставки на менаџментот се универзални, но за нивна примена во конкретна организациона структура е потребна соодветна адаптација. Значи, менаџментот се карактеризира со универзалност, но неговата примена бара уважување и на специфичностите, како на пример: дали се работи за болница или фабрика, дали се работи за државно, јавно или мешовито претпријатие. Исто така, од големо значење и културната средина во која стопанисува претпријатието (морални норми, навики, однесување), нивото на општествениот и политичкиот развој, историските услови и сл.

Појмовно определување на менаџментот[уреди | уреди извор]

Менаџментот претставува вештина за управување со организационите системи но истовремено и наука која го изучува овој феномен. Според Петер Дракер менаџерството е вештина за управување со луѓето и претставува специфична самостојна активност. Тој разликува сопственик (“boss”) од менаџер. Според Нjуман менaџерството е специфична техника на управување, а менаџерот е неопходен на секое препријатие. Според Mари Пакет Фолет, менаџментот претставува вештина за обавување на работа со посредство на други луѓе.

Според оваа дефиниција менаџментот е посебна, специфична активност во претпријатието која е насочена кон остварување на прогамирани цели и задачи на компанијата. Активностите на манаџментот ги обавуваат менаџери на различни нивои и со различни профили кои ја насочуваат работата на вработените во компанијата. Суштината на работата на менаџерот се гледа во настојувањето вработените во претпријатието квалитетно, рационално и благовремено да ги обават своите задачи кои се во функција на остварување на поставените цели на компанијата. Наведената дефиниција има недостаток што никаде не го споменува процесот на донесување одлуки кој е една од значајните функции во менаџментот.

Стенли Венс менаџментот го дефинира како процес на донесување одлуки и контрола на работата на луѓето заради остварување на поставените цели. В. Спреигал смета дека менаџментот претставува таква функција во претпријатието која се состои од насочување и контрола на различни активности заради постигнување на поставени цели. Овој автор смета дека менаџментот е во суштина извршна функција која посебно го вклучува активното насочување на човечките напори.

Еден од најзначајните автори од областа на менаџментот Петер Дракер смета дека суштината на менаџментот се состои во основните функции кои тој ги извршува, а тоа се: планирање, организирање, запослување, влијание и контрола. За менаџерството можеме да кажеме дека претставува научен и професионален процес на:

  • Планирање
  • Организирање
  • Раководење (одлучување, комуникација, влијание....) и
  • Контрола

(на природните, човечките, финансиските и информациските ресурси заради постигнување успех во работата — бизнисот).

Задачата на менаџерите со огледа во следниве функции:

  • Одредување на цели
  • Реализација на целите
  • Организација на работата
  • Распоред на работата
  • Делегирање на овластувања
  • Одредување на распон на раководење
  • Избор и именување на кадри
  • Стимулирање и санкционирање на рабењето
  • Футурологија, визија и развој на претпријатието.

Менаџментот претставува интердисциплинарна наука која е универзална. Истовремено, менаџментот претставува и вештина зашто човекот е посветен на менџментот и го води претпријатието мора да има смисол за бизнис. Денес сè повеќе, заради комплексноста и сложеноста на проблематиката, се поставува барањето за професионализам на полето на менaџментот. Претпријатијата не можат и не смеат да се управуваат аматерски, а ова барање е поизразено доколку претпријатието е поголемо. Професионалниот менаџмент овозможува ефикасно остварување на работните задачи и развојните цели на претпријатието. Значи во денешни услови претставува професија, наука и вештина. Во свето делување менаџментот има своја стратегија, оператива и тактика.

Појава и историјат на менаџментот[уреди | уреди извор]

Појавата на менаџментот датира уште од најстари времиња. За тоа сведочат и историските споменици што датираат од времето на стариот Египет, Вавилон, древна Кина, Стариот Рим. Иако тогаш владеело робовладетелско општество, сепак, луѓето требало да се организираат на посебен начин за да можат да ги извршат поставените задачи.

Така, на пример, уште во стариот Египет постоела поделба на работата, различни одела за надзорниците и работниците (кои очигледно служеле за распознавање), бил точно определен бројот на луѓе по надзорник и сл. Комплексната државна управа покрај другото имала задача да предвидува (колкава количина на жито ќе биде ожнеано, колкав ќе биде водостојот на реката Нил и сл.) и да надгледува (состојбите во трговијата, занаетчиството и сл.)

Во Вавилон царот Хаморубије (2123-2081 п.н.е.) вовел кодекс од 282 закони со кои се регулираат работните норми, начинот на однесување со луѓето, се определуваат плати за извршената работа како и казни за непослушните. Во тој период за првпат се споменува и поимот сметководство. Според Библијата Мојсие ги судел само исклучително тешките случаи, додека оние полесните ги оставал на племенските старешини (делегирање на овластување).

Грчкиот филозоф Сократ разликата во управувањето помеѓу управувањето со приватните и јавните работи ја гледал единствено во нивниот обем.

Конфуциј (551-470 п..н.е.) како основен критериум за унапредување ја сметал успешноста во обавувањето на задачите. Исто така тој востановил и критериуми кои луѓето треба да ги исполнуваат доколку сакаат да станат државни службеници.

Посебен развој менаџментот како дисциплина доживува со индустриската револуција и појавата на парната машина. Тогашните “менаџери” биле соочени со небразовани и неписмени работници и морале преку демонстрација и практична работа да ги обучуваат и оспособуваат за работните процеси. И тогаш, како и денес, актуелни биле прашањата за мотивацијата и дисциплината на вработените. Некои од мерките на менаџментот како што се: наградување на позитивните резултати и санкционирање на негативните во својата суштина не се промениле многу низ историјата.

Научен пристап во изучувањето на инженерски менаџментот[уреди | уреди извор]

Научниот менаџмент настанал од потребата за зголемување на продуктивноста. Како негов основач се смета американскиот инженер Фредерик В. Таjлор (1856-1915) кој својот менаџерски систем го базирал на проучување на времето за реализација на серија активности од производната линија. Фредерик ја поделил секоја работа на компоненти и изработил најбрзи и најдобри методи за операциите во секој дел од работата. Фредерик исто така се залагал работодавците да ги платат повеќе оние работници кои работат попродуктивно. Зголемената стапка на надницата внимателно ја пресметувал врз основа на зголемениот профит кој пак е резултат на зголемената продуктивност. Така работниците биле поттикнати да ги префрлат претходно зададените норми и да заработат повеќе. Верувал дека работниците кои исполнуваат повисоки норми не треба да се плашат за својата иднина во компанијата. Во неговата студија “Принципи на научниот менаџмент” Тајлор ги истакнал следниве основни принципи:

  • Развој на науката за менаџментот со цел да се утврдата најдобрите

методи за извршување на секоја задача.

  • Научна селекција на работниците, со цел секој работник да работи

на работна задача која најмногу му одговара

  • Научно образование за развој на работниот кадар
  • Взаемна блиска соработка помеѓу менаџментот и извршителите.

Проучувањето на организационите проблеми во претпријатијата започнуваат кон крајот на 19-ти и почетокот на 20 век. Тие имале инженерски карактер и се базирале на повеќегодишното искуство и способност за концептуализација. Тоа претставувало добра основа за поставување на теории и дефинирање на хипо- тези кои понатаму биле подложни на емпериска проверка.

Францускиот инженер Х. Фаjол бил преокупиран со функционирање на управата на претпријатијата. Тој посебно внимание посветил на административните функции на една компанија.

Кон инженерите Тајлор и Фајол се приклучил германскиот социолог Макс Вебер кој ги проучувал општествените односи и структурата на стопанската дејност. Значаен придонес кон развојот на научниот менаџмент дале и следниве автори: Gant, Emerson, Ford, Gilbert, Barnet и други.

Научните принципи на менаџментот се засноваат на проучување на одредени феномени, нивна систематизација, класификација и анализа. Врз основа на тоа се воочуваат причинско-последични врски помеѓу анализираните променливи. Со воопштување на воочените релации се доаѓа до поставување на хипотези. Со воопштување на хипотезите чија точност е тестирана и докажана се доаѓа да формирање на принципи. Принципите на менаџментот им овозможуваат на менаџерите да ги анализираат практичните проблеми.и им нудат ефикасни начини како полесно да ги решат настанатите проблеми, како и да предвидат одредени однесувања и резултати од конкретните ситуации

Менаџментот, како и другите интердисциплинарни науки не е егзактна наука. Главната причина е во тоа што се работи за наука која пручува процеси кои се одвиваат во организации поврзани со луѓе. Во таа смсла, многу е отежнато контролирањето на експериментите, па затоа и принципите на менаџментот ја немаат строгоста и егзактноста на законите кои владеат во природните и техничките науки. Како научна дисциплина менаџментот поседува значајни средства за анализа, предвидување и контрола, кои на менаџерите им овозможуваат своите задачи да ги обавуваат поефикасно и поефективно. Треба да напоменеме дека развојот на менаџментот како наука настапил после индустриската револуција со стварање на акумулација на човечки и физички ресурси, развојот на технологијата, унапредувањата во транспортот и комуникациите, проширување на пазарот и појавата на големите компании. Тогаш станало неопходно управувањето во сложените организациони системи да биде засновано на научни принципи што условило понатамошно проучување и развој на менаџментот како научна дисциплина.