Изгубено-најдено (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Изгубено-најдено е омнибус во германската продукција што ги поврзува приказните на младите режисери од најразлични средно и јужноевропски земји: Босна и Херцеговина, Бугарија, Естонија, Романија, Србија, Унгарија.

Целта на проектот е да се спојат луѓето што прават филмови и да се изгради мост со западноевропските односно со германските продукциски партнери.

Четири краткометражни играни филмови, еден краток документарен филм и една анимација го рефлектираат новото сфаќање и тоа не само на младата генерација. Поединечните приказни во „Изгубено-најдено“ се поврзани преку естонскиот филм Гене-Рација, во кој еден архитект се обидува да ѝ помогне на својата сопруга при раѓањето на нивното заедничко дете. Притоа започнува едно фантастично патување – исто како и Вера со разузданиот белградскиот трамвај, двете девојчиња од различните половини на Мостар или бугарската фирма за организирање на свадби без невеста и зет...