Знаме на Њуфаундленд и Лабрадор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Знамето на Њуфаундленд и Лабрадор

Знамето на Њуфаундленд и Лабрадор е усвоено во 1980 година. Размерот е 1:2.

Сината боја на знамето го симболизира морето, белата снегот и ледот, а црвената борбата и напорот на жителите на Њуфаундленд и Лабрадор а златната надежта за иднината.

Сините триаголници го претставува Обединетото Кралство а истовремено потсетува и на знамето на Шкотска. Двата црвени триаголници ги претставуваат двата дела на провинцијата - копното и островот. Златната стрела покажува кон светлата иднина.

Поврзано[уреди | уреди извор]