Знак за нумеро — симбол кој се бечежи со № (исто така е претставен како Nº, No, No./no. (во САД) или No/no (во Велика Британија).
Симболот претставува типографска кратенка на зборот број/ки што означува редовна нумерација, особено во имиња и наслови. На пример, со знакот за нумеро, пишаната долга форма на адресата „Улица Гоце Делчев број 100“, би било Ул. „Гоце Делчев“ № 100, иако треба да се напомене дека во македонскиот јазик, знакот за нумеро нема голема примена при наведување на бројот на улиците. Во германската типографија, бројот се означува со Nr, во скандинавските со nr. или nr:.
Типографски, нумеровиот знак ја комбинира големината на латинската буква N со обично буквата буква о, понекогаш подвлечена.