Златен ретривер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Златен ретривер е кучешка раса. Тие биле историски развивани како кучиња кои служат да им помогнат на ловците при ловот на патки или други птици. Како такви, тие биле развивани да имаат мека уста за да можат да ги донесат патките од водата неоштетени.

Интелигенцијата на оваа раса им служи за повеќе намени: куче водич за слепите, куче кое слуша за глувите, ловечко куче, детектор на илегални дроги, и куче кое учествува во "барај и спаси" акциите. Со нивниот лојален и нежен темперамент, тие се исто така популарни домашни миленици.

Златните ретривери поседуваат дружељубивост и желен-да-задоволи маневар, и тие се 4ти по ред најпопуларни домашни миленици во САД. Златните ретривери се многу мирни околу мали деца.

Темперамент[уреди]

Темпераментот на златните ретривери е заштитниот знак на оваа раса кучиња, и е генерално претставен како "љубезни, дружељубиви и верни". Тие не се кучиња верни само на еден човек (на својот сопственик) и генерално се еднакво мили со луѓе што ги знаат како и со непознати. Бидејќи се наивни, нежни и веруваат не се добри како кучиња чувари. Било каква форма на непровоцирана агресија или непријателство кон или луѓе, кучиња или други животни, е тотално неприфатлива за Златен ретривер и не се вклопува во карактеристиките на овие кучиња, и оттука е наприфатлива и се смета за несвојствена. Ниту пак Златниот ретривер треба да биди незаинтересиран и нервозен. Типичниот Златен ретривер е мирен, природно интелигентен со голема желбав да задоволи.

Златниот ретривер е исто така познат по својата интелигенција. Златниот ретривер се рангира како 4ти во The Intelligence of Dogs на Стенли Корен (Stanley Coren), како едно од најбистрите кучиња во дресирањето. Овие кучиња се исто така забележани по својата трпеливост со деца.

Златните ретривери се: љубезни, нежни, паметни, верни, предадени, друштвени...