Зигмунд Рингек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Насловна страница на мечувалскиот прирачник на Рингек (фол. 2r)

Зигмунд Рингек (герм. Sigmund Ringeck) германски мечувалски мајстор од XV век, автор на мечувалскиот прирачник, MS Dresd. C 487 зачуван во Дрезден.

Ракописот се состои од 148 фолии (од кои 22 се празни). Текстот е пишуван од две раце. Рингек се споменува како schirmaister (мечувалски мајстор) од времето на Албрехт, Војвода на Баварија, кој најверојатно е истиот Алберт III (1401—1460), кој бил Војвода на баварија од 1438. Мечувалскиот прирачник на Петар од Данциг од 1452 црпи од текстот на Рингек, па така може да се претпостави дека Рингековиот текст датира од 1440-тите години.

Рингековиот ракопис е зависен од Јоханес Лихтенауер, и првото сведоштво по МС 3227a (ц. 1389), по временско растојание од извесни 50 години.

Постои и зачуван илустриран примерок на ракописот од ц. 1539 (Џигмунд Шининг, Код. I.6.2°.5) Овој примерок може да бил нарачан од Паулус Хектор Мајр, чија рака се јавува на првата страница.

Литература[уреди]

  • David Lindholm & Peter Svard, Sigmund Ringeck’s Knightly Art of the Longsword, ISBN 978-1-58160-410-8 (2003).
  • David Lindholm & Peter Svard, Sigmund Ringeck’s Knightly Art of Combat, ISBN 978-1-58160-499-3 (2006).
  • Christian Henry Tobler, Secrets of German Medieval Swordsmanship (2001), ISBN 1-891448-07-2

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]