Замок Монтероне

Од Википедија — слободната енциклопедија
Замокот Монтероне во 2003 година

Замокот Монтероне познат и како замокот Пичелер, е замок кој се наоѓа на врвот на ридот со убав поглед на една мала долина, веднаш покрај патот што минува од градот Перуџа кон градот Асизи, преку мостот Сан Џовани (кралскиот пат именуван како Сан Пјетро во 1070 година), на кратко растојание од манастирот Сан Пјетро и црквата Сан Бевињате. Овој пат е еден од таканаречените кралски патишта, патишта кои во средниот век воделе надвор од градот преку главните порти (вратата на Сан Пјетро или Портата Романа во нашиот случај). Оваа патна оска во минатото веќе ја користеле старите Етрурците и Римјаните. Воедно истата рута се користела и за разграничување на античките села на реонот околу градот Перуџа.

Етимологија на топонимот и потеклото[уреди | уреди извор]

Името на локалитетот, според некои историчари, би можело да потекнува од етимологијата Монтурено или Монс Турениус, што пак потекнува од името Турена. Ова име било дадено на градот Перуџа поради бројните кули кои во средновековно време се наоѓале внатре во градот за одбранбени цели. Историјата на замокот била многу стара и имало бројни сведоштва кои ги опишуваат сложените настани што се поврзани со него. Овие извори, понекогаш нецелосни или фрагментарни, биле дополнети со долга раскажувачка (усна) традиција која исто така сведочела за важната улога на замокот и на личностите поврзани со него. Сето ова може да се пронајде во зачуваната култура на градот (се мисли на изразот „антиквитети на Пичелер“[1]).

Првите документирани населби во локалитетот се споменувале уште во 3 век п.н.е., за што сведочат една погребална урна од типот Чиуси изработена од лесен травертин, пронајдена во градината на замокот и три бронзени огледала пронајдени од страна на истражителот Мауро Фаина,[2] од кои две од нив претставувале тематика на Пелеј и на Тетида.

Оригиналната структура може да се смести како со потекло од околу 13 век. Во архивата на градот Перуџа постои документ од 18 јануари 1200 година, кој докажува постоење на извесна градба на територијата на Монтероне. Документот сместен во градската архива сведочи дека во 1200 година, Жерардо од Уголино ди Алберико, откако станал државјанин на градот Перуџа, ги отстапил односно подарил своите имоти на конзулот Бернардучио[3][4][5] кои ги поседувал сместени на ридот „во близина на Монтароне“.

хералдички симбол на семејството Алберичи

Во овој поглед, интересно е да се прочитаат зборовите на отецот Феличе Чиати (историчар од 17 век) кој во „Аналите и историските записи на градот Перуџа“, објавена од страна на Анџело Бартоли во градот Перуџа во 1638 година стоело:„Како моќ на Перуџа Зео ди Перосио, Жерардо ди Гислиеро ди Алберико, таму на 14 од Џенаро, се заколнал дека сака да биде државјанин на Перуџа, и воедно се потчинил себеси и на имотот што постоел на ридот кај Монтурено наречен Монтароне, и на сите други имоти кои ги поседувал низ селата на областа на Перуџа. Тој ветил дека ќе се потчини на канцеларијата на градот, заколнувајќи се дека тоа ќе го практикува вечно“ (книга VIII стр.260).

Жерардо ди Гислерио бил господар на местото наречено Сасо Росо, инаку феудалец кој го напуштил местото Асизи. Неговото пристапување кон општината Перуџа (кое 5 дена подоцна било проследено со она на неговиот брат Фортебрачо и неговиот внук Одо) требало да се разбере како ривалството меѓу општината Асизи и градот Перуџа кое често пати резултирало со вистински конфликти. Она што го користел сопственикот на Сасо Росо и неговото семејство, била стара тактика што италијанските феудалци ја научиле од императорот. Таа тактика некако изгледала вака: искористете ги предностите на градовите кои се завојувани едни со други, ставете се под заштита на заедничкиот непријател, одмазди се и спаси што било можно да се спаси. Популарната легенда ни кажува дека идниот Свети Франческо, кој заедно со многу млади луѓе од општината Асизи бил заробен во битката кај Колестрада во 1202 година, бил всушност затворен токму во замокот Монтероне.

Витезите Темплари и замокот Монтероне[уреди | уреди извор]

Во текот на тринаесеттиот век или некаде до 1312 година, историјата на замокот се вкрстувала со мистериозната и фасцинантна приказна за витезите Темплари. Од средината на 13 век до 1312 година, витезите Темплари имале седиште во блискиот манастир Сан Бевињате. Зачуваните усни сведоштва, но и географската близина ѝ даваат веродостојност на хипотезата дека замокот Монтероне во тоа време бил конак за аџии, директно подреден на редот на Темпларите. За да биде поддржана оваа хипотеза, на помош пристигнале зборовите на Лупатели кој делот под реден број 5 од 15 мај 1899 година на Умбрискиот преглед за уметност и литература напиша: „.. Бидејќи темпларите имале свое седиште во блискиот Ченобио, имот од тој ред, кој го користеле таканаречените „Браќа лаици“ во служба на аџиите. Тоа било докажано со фактот дека таму биле пронајдени остатоци од комплетно монашка и гостопримлива институција. Така, античката градба зависела комплетно од храмот. Според раскажувањата таму сè уште постојат подземни премини кои го поврзуваат замокот Монтероне со црквата Сан Бевињате. Во 1312 година, папата Климент V со помош на указот Вокс вон Екселсо, издаден за време на Виенскиот собор, ги потиснал желбите на темпларите и забранил каква било форма на повторно воспоставување на истиот ред. Замокот Монтероне најверојатно долго време бил напуштен, следејќи ја тажната судбина на темпларскиот ред и на манастирот кој го штител.

Средниот век[уреди | уреди извор]

За време на општинскиот период (општинското уредување во средниот век), замокот според својата стратешка положба често се користел како караула за заштита и контрола на пристапот до самиот град. Помеѓу 14 и 16 век, многу војни кои се воделе во тој регион ја опустошиле општината Перуџа. Во градот, моќта била поделена помеѓу Распантите (делови од занаетчиска буржоазија) и Бекерини (население кои ги поддржувале благородниците). Оваа внатрешна кавга подоцна вклучувала и низа моќници (папството, господарството на Милано), заинтересирани да ја прошират својата контрола над градот, искористувајќи го постојниот конфликт. Во овој период замокот Монтероне претрпел значителнажи оштетувања поради честите рации (проверки) на милициските водачи и на платенички капетани како што биле Брачо да Монтоне или Малатеста Баглиони. Овие структури биле ангажирани од страна на различните фракции кои се бореле за да можат да го извлечат подоброто од своите противници (овој дел е забележан од страна на Ариоданте Фабрети, во том I од „Хрониките на градот Перуџа“, каде што се потсетува на постоењето на логорите на Брачо да Монтоне од 4 мај 1416 година и на Малатеста Баглиони од 1 мај 1582 година и тоа во близина на локацијата наречена Сан Бевињате). Почнувајќи од XVII век, документите и сведоштвата за замокот станувале сè поретки. За тој период знаеме само дека во период од околу три долги века имало периоди на напуштање, но и на периоди во кои замокот бил населуван. Во тој период изгледот на замокот бил менуван според потребите на сопствениците кои го користеле.

Замокот во модерната ера[уреди | уреди извор]

На крајот на осумнаесеттиот век замокот им припаѓал на грофовите Франческо Ансидеи и Џовани Батиста Вермиљоли. Во тој период тој е дефиниран како „приградска вила“, покажувајќи ги значајните експанзиони потфати. Во 19 век замокот Монтероне бил купен од страна на семејството Пичелер. Семејството Пичелер, по потекло од местото Сант'Улрико од реонот на Вал Гардена (сега нарекуван Ортисеи) се населило во градот Перуџа некаде на крајот од седумнаесеттиот век, каде што купиле неколку куќи во делот наречен Виа дела Пешерија (сега Обердан) и неколку други земјишни имоти. Помеѓу купениот имот бил и замокот Монтероне. Меѓу членовите на тоа семејство имало доста членови кои се истакнувале по уметнички или општествени заслуги. Помеѓу нив секако бил и Џузепе, пријател на Франческо Морлаки, талентиран флаутист и основач на првиот музички бенд во градот Перуџа и секако господинот Бернардино Пичелер, инаку многу добар сликар и цртач, кој насликал бројни платна со историско и сакрално значење. Во почетокот на 19 век, семејството Пичелер собрале големо богатство во трговијата со метални делови создадени од Епитето ди Кристофер. Синот на Епитето, Алесандро, бил клучна фигура во историјата на замокот Монтероне. Тој со задоволство се занимавал со археологија, но и со антикварење (тој можеби бил првиот што професионално се занимавал со сето тоа во Перуџа). Алесандро Пичелер го реструктуирал и значително го проширил замокот, врз основа на она што веќе го направил со „casetta Piceller“ (куќата на семејството Пичелер). Куќата на семејството порано била едикула или капела од која потекнувала од периодот на четиринаесеттиот век, а се наоѓала во месноста наречена Колестрада. Семејната куќа била реструктуирана и преадаптирана со изглед на селска куќа во перуџански стил од петнаесетти век.

Семејната куќа на семејството Пичелер

Работите за реновирање на замокот ги осмислил Филипо Лардони, а подоцна и Алесандро Ариенти, истите архитекти кои ги дизајнирале и монументалните гробишта во Перуџа. На 23 ноември 1849 година, бискупот Винченцо Џоакино Печи (идниот папа Лав XIII) го осветил замокот. Алесандро Пичелер не само што ја реновирал старата средновековна структура и ја проширил, туку ја збогатил со архитектонски елементи. Такви елементи биле многу барелефи, статуи, еден мал прозорец од розета, камени балкони, обоени прозорци и бројни други предмети од различни историски периоди. Дворот бил ограден со кружни столбови украсени со мермерни капители (исто така создадени од господинот Пичелер во неговата дејност како археолог и антиквар), бил украсен и со етрурски урни и барелефи од големо историско значење. Овој еклектицизам, овој романтичен вкус за враќање на елементите од минатото, како и употребата на најразновидните материјали (песочник, питра серена, тула, розов и бел камен) го правеле замокот Монтероне единствен во својот вид. Тој бил поразличен од другите современи примери на замоци од XIX век присутни во покраината Умбрија. Меѓу безбројните вредни дела присутни во замокот, секако мораме да ги споменеме фреските што ги претставуваат ознаките на капетаните на среќата од доцниот среден век. Тие биле насликани од страна на Матео Таси кој ја украсил Нотарската сала во палатата Приори во Перуџа. Фреската била одвоена од ѕидовите на патниот шатор. На фреските можеле да се видат и Мадона од Лорето и светите Петар и Павле. На ова дело лесно можело да се препознае уметничката рака на Кристофоро од Џакопо да Фолињо.

На 20 октомври 1929 година, починал Алесандро Пичелер. По неговата смрт и историските настани што се случиле кратко време подоцна, замокот доживеал нов период на напуштање. За време на Втората светска војна, замокот бил користен како засолниште за раселените лица. Бомбашките напади, напуштањето и последователната окупација на градбата од страна на раселените лица сериозно го оштетиле замокот. Веднаш по Втората светска војна, професорот Антонини Џулијано го купил имотот и практично целиот свој живот го потрошил за да го врати стариот сјај на некогашниот замок. Во замокот постојат таписерии и реставрации од професорот Орландо Скалко. Денес, по големата реставраторска работа, и тоа благодарение на познатото умбриско семејство, замокот го вратил својот поранешен сјај.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. il termine antichità di Piceller si riferisce a un oggetto di poco valore o molto vecchio, cfr. http://www.wikidonca.it/index.php?title=Antichit%C3%A0_de_picellere
  2. il conte Mauro Faina era appassionato di antichità, dal 1864 iniziò una raccolta di reperti archeologici in parte rinvenuti con i propri scavi in parte acquistati. http://www.sunelweb.net/modules/sections/index.php?artid=8233 http://www.museofaina.it/
  3. "Codice diplomatico del comune di Perugia, periodo consolare e podestarile : 1139-1237", pp. 48 e 95
  4. "Francino. L'altra storia di Francesco d'Assisi",Giuseppe F. Merenda - pag.33
  5. "Francesco d'Assisi, storia e arte" Volume 2, pag. 27

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • „Замоци, тврдини и тврдини на Умбрија“ - Quattroemme, Перуџа, 1999 година
  • „Тополошко-историски опис на градот Перуџа“ - Серафино Сиепи, издавачи Габинези и Сантучи, Перуџа, 1822 г.
  • „Le griffon et l'archaisme à l'époque impériale: étude iconographique et essay d'interprétation symbolique“ - Кристијане Делплас, 1980 г.
  • Државен архив на Перуџа: Пичелер, Канкани и Ричи Дес Ферес (Семејна архива) - (1760 - 1966)
  • „Франческо Морлаки. 1784-1841 година. Италијански мајстор на дворот на Саксонија“ - Габриела Ричи дес Ферес Канкани, Фиренца, Олски, 1958 година.
  • "The reliefs of the Etruscan Urns" III Volume, pp. 28 и 45 - Енрико Брун и Густав Керте, Рим, „Л'Ерма“ од Бретшнајдер, 1916 г.
  • „Дипломатски код на општина Перуџа, конзуларен и градоначалнички период: 1139-1237“, стр.48 и 95 - Атилио Бартоли Лангели, Извори за историјата на Умбрија 15, Перуџа
  • " Corpus Speculorum Etruscorum ", стр.7 и 16 - Музеј на Клаудио Фаина, „Л'Ерма“ од Бретшнајдер, Рим, 1998 г.
  • „Франчино. Другата приказна за Францис од Асизи“ - Џузепе Ф. Меренда, Армандо, 2005 г.
  • „Френсис од Асизи, историја и уметност“ Том 2“ - Карло Пировано, Пјерлуиџи Цери и Џани Гардел, Електа 1982 г.
  • Заменик за историјата на татковината за Умбрија: http://www.dspu.it/images/tiberini/schede-familiari/s/schede-familiari-s.htm Архивирано на 7 ноември 2018 г.

Поврзано[уреди | уреди извор]