Естонска азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Естонската азбука е писмо што го користи естонскиот јазик, базирана е на латиницата но со поголемо германско влијание врз неа. Како последица на тоа естонската азбука ги има буквите Ä, Ö и Ü и ги има истите вредности како истоимените германски букви. Азбуката има 32 букви и во неа се вклучени така наречени странски букви како што се: F, Š, Z и Ž и тие се користат во зборови што се од странско потекло. Исто така во странски зборови се користат буквите C, Q, W, X и Y. Без странските букви естонската азбука брои 23 букви.

A [ɑː] B [b̥eː] C [tseː] D [d̥eː] E [eː] F [eff]
G [ɡ̊eː] H [hɑː] or [hɑʃ] I [iː] J [jotʲː] K [kɑː] L [ell]
M [emm] N [enn] O [oː] P [peː] Q [kuː] R [err] or [ærr]
S [ess] Š [ʃɑː] Z [zeː], [seː] or [tsett] Ž [ʒeː] or [ʃeː] T [teː] U [uː]
V [veː] W [kɑksisve:] Õ [ɤː] Ä [æː] Ö [øː] Ü [yː]
X [iks] Y [igrek] or [ypsilon]