До три ми пушки пукнаа

Од Википедија — слободната енциклопедија
„До три ми пушки пукнаа“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина4:13 (Никола Бадев)
02:41 (Венета Цветкова)
03:43 (Македонски мерак)
03:11 (Ансамбл ресенчани)

До три ми пушки пукнаамакедонска народна песна. Песната е посветена на некои си тројца јунаци кои биле смртно погодени од пушки, и кои биле оплакувани од своите мајки. Песната има општествен и ајдутски карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

-До три ми пушки пукнаја,
до три јунака паднаја.

До три јунака паднаја,
до три ми мајки плакаја.

До три ми мајки плакаја,
стојанова мајка највеќе.

- Стани ми синко Стојане,
да видиш родна вдовица.

Да видиш родна вдовица,
со седум, осум сирака,
деветти сирак на лулка.

- Не можам мајко да станам,
земја ми лице покрила,
змија ми очи испила.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]