Дискус

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Дискус е слатководна perciform риба, чудни циклиди што потекнуваат од басенот на реката Амазон. Препознати се два вида, обата спаѓаат под Symphysodon (црвен дискус) или вообичаен дискус (Symphysodon discus) и синиот дискус (Symphysodon aequifasciatus). Двата вида се многу слични и можат да се вкрстуваат, продуцирајки бројни хибридни потомци. Прецизниот број на подвидови не е познат сеуште. Дискусите се во најблиска врска со хероите.

Најпрепознатлива карактеристика на дискусот е неготово сплоснато тело. Компресирано е од страните во форма на чинија. И покрај тоа што шарите варираат, најчесто имаат истакнати бои во зелено, црвено, кафено, и сино. Висината и должината на возрасна единка се некаде околу 20 до 25 cm.

Втората типична карактеристика на дискусот е неговата грижа за ларвите. Како и кај сите циклиди, родителите се грижат за младите, но дискусот има уникатен начин: родителите лачат секрети низ нивното тело, од кои ларвите се хранат првите неколку дена. Може да се забележи како младите "јадат" од телото на нивните родители.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици