Диме Јанкулев Смугрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Диме Јанкулев Смугрески
Роден 1871
Обршани, Прилепско
Починал 2 јуни 1906

Диме Јанкулев Смугрески е роден во 1871 година во прилепското село Обршани. Бил учесник во Илинденското востание и селски војвода. Бил член на ТМОРО од 1896 година. Во Илинденското востание предводел селска чета од 40 востаници во одредот на војводата Тодор Христов - Офицерчето. Се истакнал на Битката кај Слива на 13 август 1903 за одбрана на Крушевската Република. Бил убиен на 2 јуни 1906 година.