Деца (филм од 1976)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Деца“ (англиски: Children) – филм на режисерот Теренс Дејвис (Terence Davies) од 1976 година. Дејвис е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Филип Модсли (Phillip Mawdsley), Ник Стрингер (Nick Stringer) и Валери Лили (Valerie Lilley).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажува Роберт Такер, млад хомосексуалец со камено лице, како седи во разни чекалници. Додека седи, тој се присетува на детството, кога умира татко му. Во тоа време, тој има десетина години и децата секојдневно го тормозат во католичкото училиште каде што учи. Дома, мајка му најчесто молчи, а татко му е болен и лут. По смртта на татко му, се одржува бдеење, а потоа го погребуваат покојниот. Детето тагува, сам во тишината...

Наводи[уреди | уреди извор]