Ден (фараон)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ден
Удиму, Девен
Детал од гробот на Ден во Абидос, EA 55586
Фараон на Египет
Владеел42 години, почнувајќи од околу 2970 п.н.е., Прва династија
СовладетелМернеит
ПретходникЏет, Мернеит
НаследникАнеџиб
СопружнициСемат, Nakht-Neith ? Qua-Neith ?
ТаткоЏет
МајкаМернеит
Закопангроб T, Ум ел Кааб

Ден, исто така познат како Хор-Ден, Девен и Удиму, е името на раниот египетски фараон од Првата династија. Тој веројатно владеел во периодот од 2870 п.н.е. - 2820 п.н.е.

Тој е владетел од раниот египетски период, за кој постојат најголем број археолошки наоди. За фараонот Ден се тврди дека донел просперитет на неговото царство, а многу иновации се припишуваат од времето на неговото владеење. Тој бил првиот владетел кој ја користел титулата „Кралот на Долниот и Горниот Египет“, и првиот кој бил претставен со двојна црвено-бела круна. Во времето на неговото владеење, фараонот Ден ги вовел правилата за ритуал на кралскиот двор, со што бил високо ценет кај наследниците. Важна иновација од оваа ера било воведувањето на хиероглифи за пишани броеви, кои биле користени за запишување на податоци за даноците и годините. Подот од неговата гробница во Абидос е направен од црвен и црн гранит, што е прв пример за употребата на овој материјал во древниот Египет.

Тој бил син на фараонот Џет и кралицата Мернеит. Неговата мајка владеела додека бил момче. Манетон вели дека владеел 20 години. Египтолозите обично прифаќаат податоци од Каменот од Палермо, каде што се вели дека владеел 42 години.[1] Имал 4 жени. Го наследил синот Анеџиб, а за останатите деца нема информации.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Alan H. Gardiner: The Royal Canon of Turin. Griffith Institute of Oxford, Oxford (UK) 1997, ISBN 0-900416-48-3; page 15 & Table I.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник:
Џет
Египетски фараон
Прва династија
Наследник:
Анеџиб