Денче Дејаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Денче Дејаноски (1920 - 1944) — македонски борец и учесник во февруарскиот поход. Тој во нерамномерна битка со бугарскиот окупатор загинува заедно со соборците Васил Василески, Слободан Пепоски, Борче Велјаноски и народниот херој Злате Малакоски. Во негова чест во Маврови Анови е именувано едно училиште.