Декстер (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Декстер
Dexter TV Serija Pocheten Tekst.jpg
Жанр криминалистична драма, мистерија, трилер
Создадена од Џеф Линсдеј
Настапуваат Мајкл Си Хол
Џенифер Карпетнер
Дејвид Зајас
Лаурен Велез
Џејмс Ремар
Џули Бенз
Ерик Кинг
Земја на потекло Flag of the United States.svg САД
Јазик Англиски
Број на сезони 6
Број на епизоди 72
Продукција
Локаци(ја/и) Мајами, Флорида
Времетраење 50-60 минути
Емитување
Канал на емитување Flag of the United States.svg SHOWTIME
Период на прикажување 1 октомври 2006 -
Официјална Веб-страница

„Декстер“ е популарна и контроверзна американска телевизиска драма серија, која оригинално се прикажува на Showtime каналот. Базирана е на ликот од серијата романи „Декстер“ напишани од Џеф Линсдеј, а за на екран ја адаптирал Џејмс Манос (помладиот). До сега се снимени 6 сезони по 12 епизоди, а последната епизода од 4. сезона директно ја следеле 2.6 милиони гледалачи, што е рекорд за некоја оригинална серија на Showtime, телевизиска станица која можат да ја гледаат само претплатници.

Дејствие[уреди]

Дејствието на серијата се одвива во Мајами, го следи Декстер Морган, сериски убиец кој работи во полиција како форензичар за крв. Заради трагедијата која ја доживеал во детството, чувствува страст и потреба за убивање, која негиовиот татко кој го посвоил, полицаецот Хари Морган, ја насочил во убивање луѓе кои „заслужиле“. Така повеќето од Декстеровите жртви останале убијци кои ја одбегнале судската казна или никогаш не ни биле под истрага. Во серијата е прикажано Декстеровото балансирање помеѓу секојдневниот живот и неговиот таен идентитет. Останатите ликови во серијата се Дебра Морган, биолошката ќерка на Хари и сестра на Декстер, Пита Бенет, девојката на Декстер, како и неговите колеги од работа: Марија Ла Гуерта, Ејнџл Батиста, Џејмс Доукс, Винс Масука и Џои Квин.

Награди[уреди]

„Декстер“ била номинирана за 19 Еми награди, во категоријата Најдобра драма серија 3 пати со ред, од 2008 до 2010 и Најдобар актер во главна улога во драма серија (Мајкл Си Хол) 4 пати со ред, од 2008 до 2011. „Декстер“ исто примила преку десет Еми награди за креативност. Исто така била номинирана за 7 Златни глобуси (2 победи), 14 Сателит награди (7 победи), 18 Сатурн награди (5 победи), 8 Награди од здружението на актерите на платно (1 победа) и 5 Награди од здужението на сценаристи од Америка.

Критики[уреди]

Филмските и телевизиските критичари оваа криминалистичка серија каде главниот лик е масовен убиец ја дочекаа речиси со овации, така што таа ги доби највисоките можни оцени од критичарите на американските списанија: „Chicago Sun-Times“, „New York Daily News“, „San Francisco Chronicle“, „People Weekly“, додека критичарите на највлијателните медиуми беа малку повнимателни кај контроверзната серија што ѝ дадоа пониски оцени. Тие оцени и списанија беа „Chicago Tribune“ (90%), „Boston Globe“ (90%), „L.A. Times“ (80%), „Miami Herald“ (80%), „New York Times“ (80%) итн.

Со одлуката да се репризираат епизодите 16 месеци по премиерата, серијата почна да се прикажува на отворена телевизиска станица која сите можат да ја гледаат и предизвика лавина критики од страна на непрофитабилното здружение наречено „Родителски телевизиски совет“. Критиката е уште надоградена со повторување на стариот коментар: „Секој кој мисли дека медиумите немааат врска со насилството е идиот“. На крајот серијата почна да се репризира на бесплатна телевизиска станица со ознака дека е забранета за помлади од 14 години и сечење на најконтроверзните делови од епизодата.

Главни ликови[уреди]

Лик Актер
Декстер Морган Мајкл Си Хол
Дебра Морган Џенифер Карпетнер
Хари Морган Џејмс Ремар
Рита Бенет Џули Бенз
Марија ЛаГуерта Лаурен Велез
Ејнџл Батиста Дејвид Зајас
Џејмс Доукс Ерик Кинг
Винс Масука Си Ес Ли
Џои Квин Десмонд Харингтон

Декстер: Рани исечоци[уреди]

Декстер: Рани исечоци (анг. Dexter: Early Cuts) е анимирана веб серија чија премиера беше на 25 Октомври, 2009.[1] Мајкл Си Хол ја репризира неговата улога како гласот на Декстер.[2]

KTV Media International Bullseye Art ги продуцира и анимира веб епизодите, работејќи блиску со Showtime за звучните ефекти, под дирекција на Interspectacular и илустаторите Кајл Бејкер, Тај Темплтон, Андрес Вера Мартинез и Девин Лосон креираа специфични илустрации. Првата сезона беше создадена и напишана од продуцентот/сценаристот на „Декстер“ Лорен Гасис. Таа беше номинирана за Веби за нејзиното сценарио во првата сезона.

Првата веб сезона го воведува ловењето на трите жртви кои ги спомнува во шестата епизода од првата сезона на „Декстер“, "Назад до Испраќачот" (анг. "Back to Sender"). Секоја приказна на жртвата е поделена во четири двоминутни поглавја.

Втората сезона од веб сериите насловена: Декстер: Рани исечоци: Темно ехо (анг. Dexter: Early Cuts: Dark Echo) е една приказна во шест поглавја, чија премиера беше на 25 Октомври, 2010. Напишана е од Тим Шлатмен и илустрирана од Бил Зинкивиц и Дејвид Мек. Приказната започнува веднаш по смртта на таткото посвојувач на Декстер, Хари.[3][4]

Видео игра[уреди]

Видео игра базирана на „Декстер“, развиена од Icarus студио и базирана на настаните од првата сезона, беше реализирана на 13 Септември, 2009. Достапна е за iPhone платформата во iTunes продавницата за апликации. Играта беше реализирана за iPad на 15 Октомври 2010. и за компјутер на 15 Февруари 2011. Кастингот и тимот од „Декстер“ била многу поддржувачка, некои од тимот овозможија целосна гласовна поддршка за играта, вклучувајќи го Мајкл Си Хол. Играта прими многу позитивни оцени, вклучувајќи 8.0/10 од IGN.

Алтернативна реална игра[уреди]

Showtime ја започна алтернативната игра „Декстер“ за време на Comic-Con во Јули 2010. За дел од вмешаноста на корисникот е потребна апликацијата scvngr достапна за iPhone, iPod Touch, iPad and Android платформите за да ги совладаат препреките во петте градови во кои играта беше достапна. Алтернативната реална игра вклучува играчи кои работат заедно за да го фатат „Тројство“ убиецот и да ги идентификуваат неговите жртви. Број од другите ликови помагаат. За време на играта, играчите комуницираат со „Тројство“ убиецот како и со многу други. Има исто така и неколку сомнителни компании што имаат активни улоги. Играта ги вклучува Фејсбук, Твитер, Крегслист и сл. како и безброј уникатни градови направени за играта. Има дури и телефонски броеви на кои играчите можат да се јавуваат. Ликовите и компаниите се контролирани од вистински луѓе, додавајќи екста реализам и можност за интелигентен разговор.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]