Да ти пукне мила мајко најмилото

Од Википедија — слободната енциклопедија
  • Оваа македонска народна песна е напишана по некоја мома што се викала Васа. Таа живеела во село Чичево и кога решиле да ја мажат ја мажиле во село Подлес. Таму таа се мажила за фамилијата „Мишковци“ која броела триесет члена. Турците ја создале оваа песна кога по камениот пат оделе и и пееле на Васа дека се мажила за фамилијата „Мишковци“ и девет зелника месела, но не и дошло ред да си касне од зелникот. Оваа песна е напишана на крајот од XIX век. Оваа песна ја создале усно турските бегови, и до ден денес се пее оваа убава македонска народна песна „Да ти пукне мила мајко најмилото“.
Слика од селото Подлес (Велешко село).


Текст на песната

„Да ти пукне мила мајко најмилото“

Да ти пукне мила мајко најмилото,

што ме даде, мила мајко, пусти Варош.

Оф, леле, леле, леле, пусти Варош,

оф, аман, оф аманам, пусти Варош.

Пусти Варош, мила мамо, кај Мишковци,

Мишковци, мила мамо, многу луѓе.

Оф, леле, леле, леле, многу луѓе,

оф аман, оф аманам, многу луѓе.

Сум месила, мила мамо, девет зелници,

ред не дојде, мила мамо, јас да каснам.

Оф леле, леле, леле, јас да каснам,

оф аман, оф аманам, јас да каснам.

Ми велеа, мила мамо, сум каснала,

сум каснала, мила мамо, кај мајка ми.

Оф леле, леле, леле, кај мајка ми,

оф аман, оф аманам, кај мајка ми.