Да се дојде и да се остане

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Да се дојде и да се остане“ (српскохрватски: Доћи и остати) — југословенски филм од 1965 година, во режија на Бранко Бауер. Улогите ги играат: Војислав Миќовиќ, Драгомир Бојаниќ Гидра, Коле Ангеловски, Мија Алексиќ итн.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во потрага по подобар живот, тројца селани, Радован, Јеремија и Гаша заминуваат во големиот град. Наспроти нивните очекувања, таму ги дочекуваат тешкотии и искушенија. Радован учи во вечерното училиште и успева да се снајде во новата средина, Јеремија се враќа во селото, а по неуспешната љубов Гаша заминува со еден свој врсник да ја бара среќата на друго место.

Наводи[уреди | уреди извор]