Грег Рајт

Од Википедија — слободната енциклопедија

Грег Рајт, гитаристички виртуоз по потекло од Тексас, професионалната кариера ја почнал во југот на САД, во средина на седумдесеттите години на минатиот век отворајќи концерти на блузерските легенди, како Алберт Кинг и Фреди Кинг. Во осумдесеттите години на минатиот век тој се преселува од Луизијана во Лос Анџелес, каде што неговата виртуозност го става на А-списокот на сесиски гитаристи со што морал покрај блузот да ги совлада и различните стилови на популарната музика, но останувајќи доследен на својот корен, блузот. Бројни награди, платинести албуми и светски турнеи со Мик Флитвуд, Мајкл Џексон и Спенсер Дејвис се само неколкуте на неговата долга список на соработки. Грег, исто така, е избран солист кој заедно со Прашката филхармонија придонесува за соундтрекот за високобуџетниот документарец „Ocean Oasis“ на режисерот Соамес Сомерхејз. Многу критичари сметаат дека неговиот албум „King of the Rocking Blues“ ги содржи неговите најдобри гитарски парчиња воопшто направени до денес, обезбедувајќи му место во светската елита на блуз-гитаристи.