Градина Соколица

Од Википедија — слободната енциклопедија

Градина Соколица е археолошки локалитет кој се наоѓа во северниот дел на селото Остра, на граница спрема Вујетинцима. Наоѓалиштето претставува неподвижно културно добро затоа што е споменик на културата.

Зачуваните остатоци од утврдувањето поради својата доминантна и стратегиски поволна положба, биле континуирано населувани во временските епохи во текот на праисторијата во бронзеното време, потоа во доцната антика (од IV до VI век ) и подоцна во текот на 10 и 11 век. Некои наоди укажуваат дека Соколица се користела како постојанo или привременo престојувалиште во подоцнежниот период за време на турското владеење.

Утврдувањето било со помали димензии (65х35м) со два појаси на бедеми, односно со два одделно одбранети простори - Горниот град (областа на рамното плато) и Подграѓе, кое се наоѓало на пострмниот дел од теренот. Бедемите се бранеле со една или две кули, чии остатоци биле откриени во текот на ископувањата. Ширината на бедемот била помеѓу 1,5 и 2,5 m. За време на истражувањето, откриени биле четири градби на западниот ѕид на Горниот град, надворешното и внатрешното лице на бедемот и помал простор во Подграѓе.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Список на споменици на културата во областа Моравица

Литература[уреди | уреди извор]

  • Грујовић Брковић, Катарина; Алексић Чеврљаковић, Марија (2016). Поглед кроз наслеђе. Краљево: Завод за заштиту споменика културе. ISBN 978-86-84867-05-8. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); |access-date= бара |url= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Извори[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]