Гол на празна мрежа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гол на празна мрежа во хокеј на мраз

Гол на празна мрежа – гол постигнат во повеќе екипни спортови кога екипата постигнува гол без голманот на противничката екипа да го брани истиот. Во овој случај на излезениот голман не му се смета голот во неговиот скор на примени голови.

Хокеј на мраз[уреди | уреди извор]

Во хокеј на мраз гол на празна мрежа вообичаено се случува во една или две различни прилики во:

  • Во последните минути од играта, ако екипата губи до два гола разлика, од игра се повлекува голманот, мрежата останува небранета, а на негово место влегува дополнителен напаѓач, со цел екипата да има подобра шанса за постигнување гол, односно да израмни или се дојде до еден гол разлика. Меѓутоа ова носи одреден ризик. Имено доколку екипата која води дојде во посед на пакот, често шутираат на празниот гол по поминување на центарот. Поретко се случува екипата да шутира од сопствената зона на празната мрежа затоа што може да дојде до ајсинг доколку шутерот го утне голот. Во одредени околности, екипата може да го повлече својот голман во случај да има предност од двајца играчи, дури иако не е при крај на играта, за да добие предност од шест напаѓачи на тројца одбранбени за уште повеќе да ги зголеми своите шанси за постигнување гол.
  • Во случај на исклучување на играч, противничката екипа во оваа ситуација често го повлекува својот голман и на негово место уфрла напаѓач.

Статистика на голманите[уреди | уреди извор]

Головите на празна мрежа се водат на голманот кој претходно ја чувал мрежата, но истите не влегуваат во неговата статистика на просечно примени голови или процент на одбрани, туку се евидентираат посебно.

Фудбал[уреди | уреди извор]

Гол на празна мрежа постои и во фудбалот во ситуации кога екипата која губи со еден гол разлика кој крајот од натпреварот го внесува и голманот во нападот. Ова обично се случува кога гол-разликата не е релевантен фактор, како што е случајот во елиминаторните куп-натпревари. Често во овие ситуации голманот на екипата која губи оди во шеснаесетникот на противникот при изведување слободни удари или корнери. Во овој случај екипата која се брани може да постигне гол во празната мрежа доколку дојде до посед на топката.

Ракомет[уреди | уреди извор]

Со промените на правилата од 2010 година и во ракометот голманот може да биде изваден од игра. За разлика случаите во хокеј и фудбал, ова повлекување на голманот не се прави само во очајни ситуации при крајот на натпреварот, бидејќи постигнување на гол дури и со голман е полесно во ракометот отколку во хокејот и фудбалот. Изгубена топка и неможноста за брзо враќање на голманот скоро секогаш резултира со постигнување гол во празната мрежа.