Водени спортови

Од Википедија — слободната енциклопедија

Водените спортови се распространети насекаде во светот и претставуваат водечки атракции кога станува збор за туристички движења посебно на клиентелата со авантуристичкиот дух. Во екстремните спортови на вода спаѓаат:сурфање,сплаварење,кајак,едрење и веслање,скијање на вода и др. Веслање на кајак е спортско рекреативна гранка во која спортистите седат (во кајакот) или клечат (во кану),свртени со лицето во насоката на возење,а се движат со веслото кое не е потпрено на чамецот, односно се држи слободно во рацете. Кајак е мал чамец кој се движи со човечка снага. Најчесто павубата му е покриена. Се движи со посебни весла кои се со две лопатки. .Кајак користеле аину, алутски и ескимски ловци во подрастични области на Североисточна Азија,Северна Америка и Гренланд. Модерните кајаци се прават по различни дизајни за посебна потреба, а меѓу другото кану се користи во олимписките спортови кајак и кану во мирни води, како и кајак и кану во диви води.

Кајак[уреди | уреди извор]

Кајак е мал чамец кој се движи со човечка снага. Најчесто павубата му е покриена. Се движи со посебни весла кои се со две лопатки.Кајак користеле аину, алутски и ескимски ловци во подрастични области на Североисточна Азија,Северна Америка и Гренланд. Модерните кајаци се прават по различни дизајни за посебна потреба. Во некои делови на светот се смета за кану. Кајак е чамец со специфичен тесен облик. Се прави од дево,пластика и гума.Први кајаци биле употребувани од страна на Индиските плимиња во Северноатланскиот регион за потреба на ловот. Денес кајаците се еден од омилените видови забава, спремни да одговорат на секој предизвик кој е поставен пред него. Без разлика дали е тоа бавен спуст или комплексно маневрирање кајакот нема да ве изневери. Кајаците денес се повеќе се неправени од висококвалитетна гума и карактеризира со одлична издржливост,стабилност и управување. Брзо и лесно се надувуват и издувуваат и поради тоа се идеални за хоби и рекреативно користење. Одличен избор се за оние кои немаат ослов за чување регуларен кајак.

Разлика помеѓу кајакот и кануто[уреди | уреди извор]

Се претпоставува дека кајакот води потекло од Гренланд. Зборот “кајак” на јазикот на Ескимите значи “човек-чамац”, а нејчесто е застапен во Северна Америка, Сибир и на Гренланд, каде Ескимите го користеле за лов риболов и трабспорт. Кануто е користен широко во светот како начин за транспорт, трговија и војување, а првиео официјален споттски настан за двете видови чамци е организиран во средината на 19 век. Кану е врста на чамец. Името му доаѓа од името на Северноамерикански(Канадски)Индијански чамец. Кануто е карактеристичен по тоа што е заоблен на краевите, и што се движи со весла, така што веслачот или веслачите калчат со лицето свртени на каде што се движат. Веслото по правило не е зацврстено за чамецот тоа се држи до двете раце. Разликата помеѓу спортскиор кајак и кануто е тоа што кај кајакот секој веслач користи весло со две лопатки, а кај кануто се користи весло со една лопатка, така што нивнта разлика се гледа и во структурата на чамецот.

Кајакарство[уреди | уреди извор]

Кајакарството е спортско-рекреативна гранка во која спортистите седат (во кајакот) или клечат (во кануто) свртени со лицето во насоката на возење, а се движат со весло кое не е потпрено на чамецот, односно се држи слободно во рацете. Везењето на кајакот и кануто се одвива на мирни и диви води. Трупот на кајакот за мирни води “V”- облик додека кај истиот за дивив води е равен труп. Основна разлика е на кајакот и кануто е тоа што веслото а кајакот е со две лопатки, а додека на кануто е со една. Натпреварите се одржуваат во спуст и слалом, а постои систен на квалификација на речни води по скали од еден до пет. Под оваа квалификација се подразбира брзина и турбуленција на вода [1]

Кануто е со потекло од Северна Америка,односно од Канада, каде што првобитно го користеле Индијанците. Ескимите го користеле кајакот од порано, го изработувале од кожа на фока на костур од дрво или коски од кит. Ескимскиот кајак прво го опишал англискиот морепловец Стивен Бороу во средината на XVI век, а првиот спортски кајак го изградил Шкотланѓанецот Џон Мек Грегор во 1845 година. Тој со својот кајак бил во многу реки и езера во Европа,а своето доживување и искуствово од тие патувања ги бележал во својот дневник , што многу подоцна го инспирирало да преземи слични зафати. Сето тоа придонело популаризација на кајакарството и негово ширење во многу земји. Мек Грегор во 1866 година го основал кралевски кану клуб, а наредната година организирал регату со 300 веслачи во Велика Британија. Во 1924 година основана е Копенхагена Меѓународна кану федерација ICF (Internationale Canoeing Federation) и таа година на Олимписките игри кајак и кану се појавиле како демонстрациоен спорт, а како оафциален спорт на игрите во Лондон 1948 година. Во бившата Југославија првиот кајакашки сојуз основан е 1939 година.

Во кајакарството постојат неколку дисциплини, а тоа се: кајак на мирни води (спринт на 200, 500 и 1.000 m), маратон (од 10 до 42 км, цо трчање, надминување на пречките или без трчање, слалом (трки на 300 до 600 метри со надминување на водните пречки, портите), кајак во диви води (спуст или маратон на патеки од пет до 10 км во брзи, диви води) змејни чамци-Dragon boat и едрење.