Вистина или предизвик (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Вистина или предизвик“ е германски филм од 2004 година. Режисери се Јан Мартин Шарф, Арне Нолтинг, а улогите се на Катарина Шитлер, Јохен Никел, Терезе Хемер и др. Овој филм е комедија за млади и за стапувањето во светот на возрасните.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Откако 18-годишната Аника по вторпат ја губи годината, таа мора да го напушти училиштето. Не осмелувајќи се да им го соопшти неуспехот во училиштето на своите амбициозни родители, младата жена бега и се заплеткува во еден привиден свет од лаги и преправања. Секое утро таа храбро ја напушта куќата за навидум да оди на училиште. Таа всушност го поминува времето во еден напуштен автобус или се сретнува со Кај, момчето од соседната населба.

Таа чека прилика за да се исповеда. Животот со лаги додуша има и своја романтична страна, но сепак, постојаните лаги се закануваат да ѝ ја уништат љубовта на Аника.