Високи надежи (филм од 1988)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Високи надежи“ (англиски: High hopes) — британско-француски филм од 1988 година, во режија на Мајк Ли (Mike Leigh), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Фил Дејвис, Рут Шин, Една Доре, Филип Џексон, Хедер Тобијас.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Сирил (го игра Дејвис) и Ширли (ја игра Шин) живеат скромно во Лондон, но сепак се полни со оптимизам. Одвреме-навреме, тие ја посетуваат мајка му на Сирил, г-ѓа Бендер (ја игра Доре) која живее сама во социјален стан, а нејзини први соседи се богати маж и жена. Еднаш, г-ѓа Бендер го заборава клучот од станот дома и бара помош кај соседите, кои кон неа се однесуваат грубо. Ќерката на г-ѓа Бендер, Валери (ја игра Тобијас) организира роденденска прослава за мајка си, која се претвора во катастрофа. По прославата, Сирил и Ширли ја земаат г-ѓа Бендер со себе.

Наводи[уреди | уреди извор]