Вила Годи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вила Годи, првата вила на Андреа Паладио

Според монографијата Четири книги за архитектурата (Quattro Libri dell'Architettura) од Андреа Паладио, овој е првиот негов запишан проект. Вилата е порачана од браѓата Џироламо, Пјетро и Маркантонио Годи и започната е во 1537, а завршена во 1542, со подоцни измени на задниот влез и градините.

Вилата е необична по тоа што фасадата нема никакви декорации кои ги знаеме од подоцнежните дела на Паладио, по кои всушност тој е познат, како и по други елементи како префинети симетрични пропорции на фасадата и обликувањето на самата структура. Вилата има два апратмана на двете страни од ццентралната оска помеѓу вдлабнатиот влез или лоџија до т.н. salone. Внатрешноста е украсена со фрески од Квалтиеро Падовано и други мајстори.

Вилата и теренот околу неа е отворена за јавноста попладне преку целата година. Во неа се наоѓа и археолошки музеј, со стотици фосили од локалната флора и фауна.

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]