Википедија:Патролирани страници
Патролирани страници е софтверски додаток на Википедија кој e воведен во ноември 2007 година и означува дека некоја страница е проверена и разгледана од надлежни корисници. Овие нови страници се покажуваат во жолт квадрат. Страници можат да бидат патролирани од бирократи, администратори и автопатролери.
Содржина |
[уреди] Како работи?
Секоја страница која се покажува во жолт квадрат на страницата за нови статии не била патролирана. Ова значи дека статијата не била проверена. Доколку сакате да ја проверите страницата, тогаш треба да ја означите страницата за патролирана. Ако не сте сигурен за нејзината содржина, тогаш друг уредувач може да ја провери истата статија.
За да се означи една статија како патролирана мора да се притисне на врската "[Означи ја верзијата како проверена]" која се појавува во долниот десен агол. Статијата има две верзии, една главна статија која е всушност патролираната верзија, а другата е работна верзија.
[уреди] Што да се означи како патролирано
- секоја страница која е означена за бришење, за да не губат луѓето време за повторно проверување на содржината пред бришење;
- секоја статија која ги исполнува сите правила и прописи на Википедија;
- статија која има потреба од поголемо внимание и подобрување.
[уреди] Што да не се означи како патролирано
- страници за кои не си сигурен и имаат потреба од мислење од друг корисник.
- секоја страница која е за бришење, а нема шаблон за брзо бришење.
[уреди] Останати карактеристики
- Списокот на сите патролирани страници може да се види во Special:Log/patrol. Вкулучува и детали околу патролирањето:
- страници кои се создадено од администратори, ботови и автопрегледувачи се автоматски патролирани;
- сега има и „сокриј патролирани уредувања“ за Special:Newpages, па така можеш да ги игнорираш страниците кои биле патролирани.