Википедија:Одрекување од ризик

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Општо одрекување од одговорностУпотребувајте ја Википедија на сопствен ризикВикипедија не дава медицински советиВикипедија не дава правни мислењаВикипедија содржи спорна и разоткривачка содржина

УПОТРЕБУВАЈТЕ ЈА ВИКИПЕДИЈА НА СОПСТВЕН РИЗИК

Ве молиме имајте предвид дека било која содржина која можете да ја најдете во Википедија може да биде неточна, опасна, зависна, неморална, нелегална или може да Ве одведе во погрешна насока.

Некои информации на Википедија може да создадат неразумен ризик за читатели кои одлучуваат да ги применат информациите во нивните сопствени активности или да ги промовираат информациите за употреба од некоја трета страна.

Ниту еден од авторите, придонесувачите, спонзорите, администраторите, вандалите или било кој друг поврзан со Википедија на било каков начин може да биде одговорен за Вашата употреба на информациите содржани во или поврзани од овие веб страници.

Ве молиме преземете ги сите потребни чекори за да се уверите дека информацијата која ја добивате од Википедија е точна и проверена. Проверете ги референците на крајот од статијата. Прочитајте ја страницата за разговор и ревизијата на историјата за да видите дали има моментални дебати околу содржината на статијата. Двојно проверете ги сите информации со независни извори.

Ако некоја статија содржи сугестии поврзани со некои опасни, нелегални или неетички активности, запомнете дека секој може да ги објави овие информации на Википедија. Авторите можеби не се квалифицирани да Ви овозможат комплетна информација или да Ве информираат за последователните предупредувања за безбедност и други мерки кои превентираат повреда или друга штета на Вашата личност, сопственост или репутација. Ако Ви е потребен специфичен совет (на пример: медицински, легален, финансиски или брачен), Ве молиме побарајте професионалец кој е лиценциран или добро запознаен во таа област.

Википедија не е официјално рецензирана; додека читателите можат да поправаат грешки или да отстрануваат погрешни сугестии, тие немаат легална должност да го сторат истото. Сите информации пронајдени на овој сајт се без било каква искажана гаранција за исправност за било каква употреба.

Никакви последователни штети не може да се бараат против Википедија, бидејќи таа е волонтерска асоцијација на индивидуалци формирана за да се создадат слободно лиценцирани онлајн образовни, културни и информативни ресурси. Оваа информација Ви е овозможена бесплатно и без гаранција и не постои договор или разбирање помеѓу Вас и Википедија во врска со Вашата употреба или модификација на оваа информација покрај Creative Commons Attribution-Sharealike 3.0 Unported License (CC-BY-SA) и ГНУ Лиценца за слободна документација (GNU Free Documentation License (GFDL)).

Не потпирајте се на информации од Википедија без независна потврда.