Википедија:Напреден курс (Нова статија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Добредојде навигација



Оваа статија е дел од
напредниот курс
на Википедија.
Лекции

Почеток


Мојата прва статија
Конвенции за именување
Воведниот дел
Стил на пишување
Интервики
Категории
Пренасочувања
Слики


Подигнување на слики


Предлошки
Табели
Преместување


Заклучок

Видете уште

Почетен курс
Помош:Содржина


Сте одлучиле да создадете нова статија? Најпрво, бидете сигурни дека сте зачленети и најавени, бидејќи анонимните корисници не можат да создаваат нови статии.

На пример, сакаме да напишеме статија за рубиковата коцка. Претпоставуваме дека на македонската Википедија не постои статија со наслов „Рубикова коцка“. Во тоа и се уверуваме со пребарување во лентата „пребарај“, сместена на левата страна на сите страници.

Откако ќе го стиснете копчето Оди под лентата, можно е да добиете текст кој вели „Нема статија со наслов „Рубикова коцка“. Можете да ја креирате оваа статија. “

Кликаме на црвената врска во таа реченица, креирате оваа статија.

Се отвора прозорецот на статијата со наслов Рубикова коцка и сме подготвени да почнеме да го внесуваме тексот.

Кога сме овде, треба да ги наведеме правилата по кои се именуваат статиите на Википедија.