Википедија:Избрана статија/2023/36

Од Википедија — слободната енциклопедија

Tik Tok“ — првата песна на американската пејчка Кеша. Песната била снимена од Бени Бланко и Др. Лук и ко-напишана од Бланко, Др. Лук и Кеша. Била издадена на 7 август, 2009 како водечки сингл од првиот студиски албум на Кеша наречен Animal. Првиот стих на песната започнува со искуство кое Кеша го имала кога се разбудила опкружена со жени и веднаш помислила на истото искуство доживеано од Диди. Искуството ја поттикнало да ја напише песната со нејзиниот продуцент Др. Лук, кој му се јавил на Диди надевајќи се на соработка; тој отишол во студиото истиот ден и го снимил неговиот текст и песната била завршена.

Според Кеша, текстот на песната го прикажува нејзиниот живот; пораката на песната е поттик кој го поттикнува слушателот да биде храбат и да не дозволи ништо да го турне долу. „Tik Tok“ е денс-поп и електропоп песна која користи кратки ритми од видео игрите кои се прикажани со удари со раце и синтисајзери. Текстот е испеан во рап стил, а рефренот користи Авто-Тон. Музички, песната била споредена со Лејди Гага, Уфи и Ферги.

Песната добила помешани и позитивни оценки од неколку критичари за време на издавањето. Некои од нив го пофалиле текстот и славењето на начинот на живот во кој Кеша постојано учествувала во забава; продукцијата на песната била добро прифатена иако некои ја критикувале песната поради нејзиниот многу сличен звук со песните од Лејди Гага и Уфи. Добила голем комерцијален успех искачувајќи се на првите место во единаесет земји. Во САД, песната го срушила рекордот за најпродаван сингл во една недела од женски со продажби од 610.000 диигитални примероци во една недела. „Tik Tok“ добила 5× платинска сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка (RIAA) за 5.900.000 продадени копии во САД. Песната исто така била најдобро продаваниот сингл во светот за 2010, продавајќи 12.8 милиони копии само таа година. (Дознајте повеќе...)