Википедија:ВикиПроект Години/Списоци на лидери на држави по години/Водич за стилот

Од Википедија — слободната енциклопедија
✔ Оваа страна претставува прирачник за стилот на македонската википедија. Општо е прифатен стандардот дека уредувачите треба да ги следат наведените правила, иако истите може да се користат понекогаш и со некои исклучоци. При уредувањето на оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека вашата промена рефлектира консензус. При двоумење, дискутирајте прво на страницата за разговор.

Оваа странциа содржи граматички и стилистички упатства кои треба да се имаат предвид при уредувањето на списоците за лидери на државии по години.

Транскрипција на туѓите имиња[уреди извор]

При транскрипцијата на туѓите имиња се препорачува употреба на страницата за транскрипција на туѓите имиња во македонскиот јазик како прирачник. Поради специфичноста на некои јазици, постојат и посебни страници за македонска транскрипција на истите, кои исто така се препорачува да се употребуваат при пополнувањето. Во продолжение ќе бидат посочени неколку примери за имиња кои од различни јазици различно се транскрибираат во македонскиот јазик.

Запишување на функцијата[уреди извор]

Запишуваањето на функцијата којашто ја зазема односниот лидер, потребно е да се внесе само со внесување на името на политичката функција, но со додавање на врска кон целото име на функцијата.

Примери:

  1. Функцијата Претседател на Русија се внесува со записот [[Претседател на Русија|Претседател]], со што се добива Претседател.
  2. Функцијата Пемиер на Того се внесува со записот [[Премиер на Того|Премиер]], со што се добива Премиер.
  3. Функцијата Канцелар на Австрија се внесува со записот [[Канцелар на Австрија|Канцелар]], со што се добива Канцелар.

За именување на водачката функција во монархии или на племиња и племенски сојузи, без оглед на вистинското име на функцијата се употребува поимот „монарх“, но при додавањето на врската кон целото име на функцијата се внесува целото име.

Примери:

  1. Функцијата Крал на Хуните се внесува со записот [[Крал на Хуните|Монарх]], со што се добива Монарх.
  2. Функцијата Крал на Франција се внесува со записот [[Крал на Франција|Монарх]], со што се добива Монарх.
  3. Функцијата Цар на Светото Римско Царство се внесува со записот [[Цар на Светото Римско Царство|Монарх]], со што се добива Монарх.

Запишување на годините[уреди извор]

Во податоците за лидерите, годините се внесуваат во пополнувањето на полето за животниот век и полето за владеење на лидерот. Притоа се внесуваат, годината во која лидерот се родил, годината во која починал, годината во која ја презел функцијата и годината во која истата ја напуштил. Доколку, некоја од потребните години е непозната, се внесува ?, доколку истата се проценува, пред годината се внесува ~, а доколку се прифатени повеќе можни години, се запишува / меѓу годините.

Примери:

  1. за Калигула, се внесува 42-54 како период на владеење и 10 п.н.е.-54 како животен век;
  2. за Хуан Карлос I, се внесуваа 1975- како период на владеење и 1938- како животен век;
  3. за Иго Капет, се внесува 987-996 како период на владеење и ~939-996 како животен век;
  4. за Питодорида, се внесува 8 п.н.е.-28 како период на владеење и 30/29 п.н.е.-28 како животен век;

Употреба на закосени букви[уреди извор]

Со закосен текст се запишуваат податоците за лидерите коишто се сметаат за легендарни или за коишто податоците се земаат предвид според некоја традиција. По закосувањето на буквите, неопходно е да се додаде белешка до името на првиот збор запишан со закосени букви, во која ќе се објасни употребата на истите. Како пример, погледнете го спискот за лидери на држави во 1 година.

Поврзано[уреди извор]