Величко, скопски војвода

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Величко, скопски војвода“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина4:11 (Сирма)
Композитор(и)непознат, со разни
современи аранжмани

„Величко, скопски војвода“македонска народна песна. Песната е посветена на Величко Велјанов кој во песната поради носталгија, решил да се врати дома кај мајка му во родното Црешево. Песната е од ајдутски карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

-Величко, скопски војвода
ноќеска гора оставил,
решил при мајка да оди,
силна го тага фанала.

Куќа сум мајко отворил,
у тие горски пештери,
а од тебе кријам одамна,
у тија борби крвави.

Проштевај мајко, не жалај,
збогум за навек од мене.
Не можам, мајко комитска,
в' ропство да трпам крваво,
ни да го гледам народот
како се сруши на нозе.

Когај да влезе наближил,
у тоа село Црешево,
наеднаш пушки згрмеа
од сите страни на него.

Извади бомби од појас,
разигра срце јуначко
кога ми леле пукнаа
цела се земја потресе.

Проштевај мајко, не жалај,
збогум за навек од мене.
Не можам, мајко комитска,
в' ропство да трпам крваво,
ни да го гледам народот
како се сруши на нозе.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]