Васе Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Васе Стојановски
Роден 1924 година
Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Долно Соње, Скопје, Македонија
Почивалиште Градски гробишта во Скопје

Васе Стојановски ( 1924 во Скопје1944 во Долно Соње, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа работел како продавач во книжара. Како симпатизер на народноослободителното движење бил приклучен во помагањето на оружено востание против окупаторот. Извршувал важни задачи, собирал народна помош, бил снабдувач на печатарски материјали и делел илегални летоци. Во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада стапил речиси веднаш по нејзиното формирање. Бил поставен за политички делегат на вториот вод од третата чета. Учествувал во сите борби на бригадата против балистичките банди, сè до жестоката борба кај селото Долно Соње и Говрлево, каде храбро загинал. Неговите посмртни останки биле пренесени и погребани во скопските гробишта.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 257. На |first= му недостасува |last= (help)