Валентино (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Валентино“ (анг. Valentino) е биографска драма на режисерот Кен Расел (анг. Ken Russell), лабаво заснована на животот на Рудолф Валентино (анг. Rudolph Valentino). Филмот се заснова на книгата „Валентино, интимно експозе на Шеикот“, напишана од Чо Манк (анг. Chaw Mank) и Бред Стајгер (анг. Brad Steiger).

Рудолф Нуреев и Мишел Филипс беа избрани за главните улоги на Рудолф Валентино и Наташа Рамбова, соодветно

Непосредно по објавувањето, филмот се соочувал со критички и комерцијален неуспех, веројатно поради уметничките (драматички) интервенции околу животот на Валентино. Кен Расел ја опишал одлуката да го сними филмот како најголема грешка во неговата кариера. Буџетот на филмот изнесувал 5 милиони долари[1].

Заплет[уреди | уреди извор]

Филмот започнува со секвенца од филмски журнал, која го покажува хаосот настанат од прераната смрт на филмската ѕвезда Рудолф Валентино (толкувана од Рудолф Нурејев (анг. Rudolph Nureyev) на само 31 година. Илјадници обожаватели се собираат во погребалниот дом сè додека не се воспостави ред. Во тој момент на оплакување се појавуваат важните жени од животот на Валентино, кои се присеќаат на него преку навраќање во минатото.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gruen, John (October 2, 1977). „Nureyev as Valentino: 'I May Be a Huge Flop': Nureyev as Valentino“. The New York Times. New York City, New York. стр. D1.