Бучало

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бучало — најдолгата дрвена мелодиска цевка на гајдата. Составена е од три меѓусебно заглавени делови, а на едниот од нив, што влегува во гајдата, наречен пискарче, однатре е прицврстен писка од трска. Таа константно произведува еден длабок тон – бордунира, а се штима со помош на гајдарката. При затворањето на трите горни отвора на гајдарката бучалото произведува за две октави понизок тон од оној на гајдарката.

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Бучало“. Архивирано од изворникот на 2020-08-10. Посетено на 2020-08-18.