Битката за Нормандија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Битката за Нормандија е сојузничка инвазија на Северна Европа во Втората Светска војна, која почнала на 6 јуни 1944 година, со најголемата поморско-десантна операција во историјата на Нормандија, Франција.[1]

[уреди] Почетокот на битката

Наречена и операција Оверлорд затоа што преку Англискиот канал, во повеќе од 5.000 бродови и 10.000 авиони биле превезени 156.000 американски, британски и канадски трупи. Под команда на генерал Двајт Ајзенхауер, сојузничките сили си истовариле на пет плажи на Нормандискиот брег и набрзо воспоставиле логорски територии, и покрај силниот германски отпор и тешките загуби на плажата Омаха и Џуно (имињата се шифри). Сојзуничката авионска надмоќност го спречила брзото зајакнување на германските сили, а несложувањето помеѓу Адолф Хитлер и неговите генерали била причина за одолговлечените круцијални контранапади.[2]

[уреди] Крајот на битката

Иако биле забавени од тешката борба во близина на Шербур и околу Кан, сојузничките копнени трупи ги пробиле десантните основи во средината на јули и започнале со брзо напредување низ северна Франција. Нормандиската битка традиционално се смета дека завршила со ослободувањето на Париз на 25 август 1944 година.[3]

[уреди] Наводи

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, Скопје, 2005, Книга 7, стр. 41.
  2. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, Скопје, 2005, Книга 7, стр. 41.
  3. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, Скопје, 2005, Книга 7, стр. 41.
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици