Битка кај Аржинското блато

Од Википедија — слободната енциклопедија

Битката кај Аржинското блато е борба на здружените чети на Македонската револуционерна организација со турската војска кај селото Аматово, Кукушко.

Битката[уреди | уреди извор]

Во јули 1903 година турската војска која се состоела од три баталјони (2 000 војници) ги обиколила здружените чети ( околу 110 - 115 четници) на Крсто Асенов, Трајко Јотов, Гоце Нисторов и Гоно Бигинин. Четите биле во опседнти 20 дена по што успеале да се извлечат без загуби на 3/4 јули 1903 година пред да започне артилерискиот напад [1].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Ванчо Ѓорѓиев, Смрт или Слобода, Македонското револуционерно националноослободително движење во Солунскиот вилает, Табернакул, Институт за историја-Филозофски факултет, Скопје, 2003

Предлошка:МРО