Билјарски песни

Од Википедија — слободната енциклопедија

Билјарски песнипролетни обредно-календарски песни, поврзани со берењето на билките, со крмењето на добитокот и со започнувањето на објектите.

Овие песни се поврзани со одредени празници од народниот и црковниот календар, најмногу со Ѓурѓовден, но и со Летник, Свети 40 маченици, Благовец, Цветници, Иванден и др. Билките се берат навечер спроти празникот или наутро, пред изгрејсонце, на самиот празник. Притоа се пее: Ајде на билје, бела Билјано,/ билје да бериш, стадо да крмиш,/ стадо да крмиш, стадо братово… итн.

За повеќето песни карактеристичен е рефренот Билјаро! Сл’нце грејет, цвеќе пулит, Билјаро!/ Ветер вејет, шума листит, Билјаро!/ Роса росит, трева растет, Билјаро! Песните имаат свечено-величална смисла. Тие ги опеваат најискрените надежи на луѓето за лична среќа, здравје, љубов и напредок на целото семејство и за здравје и приплод на добитокот. Песните се исполнети со силна симболика, присуство на хиперболи и сл.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 151. ISBN 978-608-203-023-4.