Бетнава (дворец)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бетнава
Dvorec Betnava
Schloss Windenau
Карта
Општи податоци
ГрадМарибор
ЗемјаСловенија

Бетнава — дворец во близина на градот Марибор, Словенија[1]. Замокот за првпат се споменува во 1319 година под името Винтенав. Градбата поминала низ рацете на многу сопственици, вклучувајќи ги и семејствата на благородницие Херберштајн, Киесл, Ауерсперг, Урсини, Брандис. За време на нивниот мандат, објектот бил трансформиран во протестантски дворец, полн со капели и гробишта. Во 1863 година, Бетнава станала летна резиденција на епископите од Марибор и Лаван.

Во 1784 година, зградата била реновирана во стил на Барок, градби кои биле модерни во Виена во тоа време. На западната страна се наоѓа капела која е посветена на Вистинскиот Крст. Главната фасада потекнува од 19 век.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Betnava“. archive.org (словенечки). Архивирано од изворникот на 2009-02-18. Посетено на 26.01.2021. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)