Безжична комуникација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во телекомуникациите, безжичната комуникација може да биде искористена за трансфер на информации на кратки далечини (неколку метри, како кај далечинско за телевизор) или на долги далечини (илјадници или милиони километри за радио комуникација). Терминот најчесто се скратува само на "безжична (wireless)". Опфаќа повеќе типови на фиксни, мобилни и преносливи уреди, мобилни телефони, персонални планери (PDAs) и безжично поврзување. Како други примери безжичната технологија ги вклучува GPS, далечински управувачи за гаражи и врати, компјутерски глувчиња, тастатури и слушалки, сателитска телевизија и телефони.

Вовед[уреди]

Безжичните операции дозволуваат услуги, како што е комуникацијата на големи далечини, која е невозможно или е непрактично да се имплементира кога се користи кабел. Терминот вообичаено се користи во телекомуникациската индустрија и се однесува на телекомуникациските системи(на пр. радио трансмитерите и примачите, далечинските управувачи, компјутерските мрежи, мрежните терминали и сл.) кои користат некаква форма на енергија (на пр. радио фреквенција, инфрацрвени зраци, видлива светлина, ласерски зраци, акустична енергија и сл.) кои пренесуваат информации без да се користи кабел. Информациите на овој начин се транспортираат како на мали, така и на големи далечини.

Безжични сервиси[уреди]

Терминот “безжична” е веќе генерички поим и се користи за да се објаснат комуникациите во кои електромагнетните бранови или радио брановите (RF) (наспроти употребата на кабли) пренесуваат сигнал преку дел или преку цела комуникациска мрежа. Најчести примери за безжична опрема која се користи денес се:

  • Професионални LMR (Land Mobile Radio) и специјализирани SMR (Specialized Mobile Radio) најчесто користени во бизнис, индустриските и областите за јавна заштита.
  • Воки-Токи радијата (Two way radio) вклучуваат FRS Family Radio Service, GMRS (General Mobile Radio Service) и Citizens band ("CB") радија.
  • Аматерски радио сервис (Amateur Radio).
  • Професионални радија (Marine VHF radio).
  • Мобилните телефони и пејџери: овозможуваат поврзаност за преносливи и мобилни апликации, како за лична така и за бизнис употреба.
  • Систем за глобална навигација (GPS): дава можност возачите на автомобили и камиони, капетаните на бродовите, и пилотите на авионите да ја одредат нивната локација било каде на Земјата.
  • Надворешни компјутерски уреди: безжичното глувче како најчест пример; но и тастатурите и принтерите кои можат да бидат исто така безжично поврзани со компјутер.
  • Фиксни телефони: уреди со ограничен домет, кои не треба да се поистоветуваат со мобилните телефони.
  • Сателитска телевизија: користи сателити кои се во орбитата на Земјата за дистрибуирање на сигналот, а исто така и дигитален сигнал за да се обезбедат многубројни телевизиски канали.
  • Wireless gaming: нови конзоли за играње кои му овозможуваат на корисникот интерактивно да ги игра игрите, заедно со други корисници без разлика дали играат во иста конзола или не. Играчите можат да разговараат, испраќаат текстуални пораки, како и да снимаат и испраќаат звук до нивните пријатели. Алатките за играње се исто така безжични. Тие не се поврзани со кабел, но можат ја испраќаат информацијата што било притиснато на контролерот во главната конзола, за потоа да се процесира и да се изврши во играта. Сите овие чекори се завршуваат во милисекунди.

Безжични мрежи[уреди]

Безжичните мрежи (различни типови на 2.4GHz WiFi уреди) се користат за да задоволат најразлични потреби. Можеби најчестата и најприфатената употреба е корисниците на преносливи лаптоп компјутери кои патуваат да можат да се поврзат од различни локации. Друга општоприфатена употреба е за мобилните мрежи кои се поврзуваат преку сателит. Методот на безжична трансмисија е логичен избор за сегменти кои мораат многу често да ја менуваат својата локација. Следниве ситуации најдобро ја оправдуваат употребата на безжичната технологија:

  • Да се поврзе на далечина кај која не е можно класичното поврзување со кабел,
  • Да се овозможи алтернатива кога ќе настане прекин кај класичната мрежна поврзаност,
  • Да поврзат преносливи или привремени места на изведба на некоја работа ,
  • Да се постави безжично поврзување на места каде стандардното поврзување преку кабли е невозможно или финансиски непрактично, или
  • Да ги поврзе корисниците или мрежите на далечина.

Начини на поврзување[уреди]

Безжичната комуникација може да се пренесува преку:

  • комуникација преку радио врска ,
  • микробранова комуникација, на пример поврзување на насочени оддалечени антени, или на пократки дистанци, или
  • комуникација преку инфрацрвени (IR) зраци со краток домет , како на пример далечинскиот управувач, или преку Infrared Data Association (IrDA).

Апликациите може да вклучуваат една кон една (point-to-point) комуникација, една кон многу (point-to-multipoint) комуникација, broadcasting, мобилни мрежи и други безжични мрежи.

Безжична технологија (на батерии)[уреди]

Терминот безжичен иако е земен како генерален поим, сепак треба да се прави разлика помеѓу различните безжични електронски уреди, бидејќи некои од нив можат да работат само на батерии, без никакво кабелско поврзување. Фиксните телефони, на пример, се и во некоја смисла безжични бидејќи информациите се пренесуваат од слушалката до нејзината статична база преку некој вид на безжична комуникација.

Историја[уреди]

Photophone[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Photophone.

Првиот телефонски разговор во светот преку безжичен телефон се случил 1880 година, кога Alexander Graham Bell и Charles Sumner Tainterго измислиле и патентирале photophone, телефон кој интегрира аудио разговори безжично преку модулирани светлосни зраци (кои се проекции на електромагнетните бранови). Во тоа време сеуште не постоеле единици за производство на електрична енергија, и не биле откриени ласерите па не постоеле практични можности за нивното откритие, кое било дозначително ограничено од интензитетот на сончевата светлина и добрите временски услови. Слично на комуникацијата низ слободниот простор, како медиум, photophone исто така побарувал да не постојат визуелни пречки помеѓу трансмитерот и приемникот. Поминале неколку декади се додека технологијата на photophone не нашла примена во комуникацијата кај војската, а подоцна и во фибер-оптичката комуникација.

Раните почетоци на безжичната комуникација[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Wireless telegraphy.

David E. Hughes, осум години пред експериментите на Hertz, со помош на трансмитер, кој бил сличен на часовник, успеал да пренесе радио сигнали преку неколку стотици јарди. Hughes не бил сфатен сериозно и се сметал само како претходник на Maxwell, а неговата работа како придонес за литературата за индукција ("Induction"). Во 1885, T. A. Edison искоритил вибрирачки магнет за индукциска трансмисија. Во 1888, Edison го прикажал својот систем на сигнали и во 1891 година го патентирал овој метод кој користи индукција.

Кога се зборува за историјата на безжичната технологија важно е да се спомне Теоријата за електромагнетни бранови на Heinrich Hertz од 1888 година. Оваа теорија била предвидена во истражувањата од James Clerk Maxwell и Michael Faraday. Hertz покажал дека електромагнетните бранови можат да се пренесуваат низ просторот во облик на прави линии и дека тие можат да бидат примени од експериментални уреди. Тие експерименти не биле изведувани од страна на Hertz. Jagadish Chandra Bose развил уред кој може да детектира безжични сигнали и помогнал да се надгради знаењето за милиметарски долгите електромагнетни бранови. Практичната примена на безжичните радио врски и технологијата од далечински управувачи е имплементирана од подоцнежни пронаоѓачи, како што е Nikola Tesla.

Радио[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „History of radio.

Терминот безжичен во јавноста се однесувал на термини како радио приемник или како трансприемник (двојна употреба приемник и трансмитер), утврдувајќи го неговото користење на полето на безжичната телеграфија порано; сега терминот се користи за да се објасни модерната безжична конекција како што се безжичните мрежи и безжичниот Интернет. Исто така се користи како генерален синоним кој се однесува на било која операција што се изведува без помош на кабли, како што е далечинскиот управувач, или безжичниот трансфер на енергија, без разлика на користената технологија (на пример, радио, инфра зраци и слично). Гилермо Маркони и Карл Фердинанд Браун се наградени со Нобелова награда во 1909 за нивниот допринос во безжичната телеграфија.

Електормагнетен спектар[уреди]

Светлината, боите, АМ и ФМ радио и електронските уреди ја сочинуваат употребата на електромагнетниот спектар. Во Соединетите Американски Држави, фреквенциите кои се слободни за користење во комуникацијата и се јавни, се регулирани од Федералната Комисија за Комуникација. Тие одлучуваат кои фреквенции ќе се користат и од кого. Во отсуство на таква конторла, може да настане хаос, како на пример ако авиокомпаниите немаат своја фреквенција за користење може било какво мешање на радио бранови на оператори аматери да доведе до оневозможување на пилотите и на нивната способност да го приземјат авионот. Спектарот на бежичната комуникација е од 9 кНz до 300GHZ.

Апликации на безжичната технологиjа[уреди]

Сигурносни системи[уреди]

Безжичната технологија може да ја надгради или замени жичаната имплементација на сигурносните ситеми во домовите или канцелариските згради.

Мобилни телефони (телефони и модеми)[уреди]

Можеби најдобриот пример за безжичната технологија е мобилниот телефон и модемот. Овие инструменти користат радио бранови кои му овозможуваат на операторот да може да телефонира од многу локации во светски размери. Може да се користат секаде каде што постои опрема која може да прима и да пренесува сигнали, кои пак ги вклучуваат гласот и податоците од и кон овие уреди.

Wi-Fi[уреди]

Wi-Fi е безжична ( local area network) технологија која овозможува преносните компјутерски уреди да се приклучат многу лесно на Интернет Internet. Стандардизирана како IEEE 802.11 a,b,g,n, Wi-Fi достигнува брзина како некој кабелски поврзан интернет Ethernet. Wi-Fi стана се повеќе популарен во изминативе неколку години. Некои интернет дистрибутери месечно им наплаќаат на своите корисници, додека други пак започнаа со бесплатно нудење на своите услуги, се со цел да им се зголеми продажбата на своите продукти.

Безжичен трансфер на енергија[уреди]

Бежичен трансфер на енергија е процес каде што електричната енергија се трансмитира од изворот до приемникот, кој нема интегриран извор на енергија, без употреба на поврзувачки кабли.

Кориснички компјутерски уреди[уреди]

Со цел да се задоволат незадоволните корисници поради многуте кабли на нивните компјутерски единици, многу производители на компјутерски додатоци се повеќе се ориентираат на употребата на безжичната технологија. Првично овие единици се состоеле од масивни и ограничени кабли кои ги поврзувале компјутерот со тастатурата и глувчето, за разлика од поновите генерации кои користат мали висококвалитетни уреди, повеќето со вграден Bluetooth. Безжичните уреди имаат побавен интервал на одговор, за разлика од жичаните уреди, иако тој интервал се повеќе се намалува. Првичните загрижувачки факти во врска со безбедноста на безжичните уреди се надминуваат со развојот на технологијата.

Уреди и стандарди[уреди]

Наводи[уреди]

Дополнителни информации[уреди]

  • Geier, Jim (2001). „Wireless LANs“. Sams;. ISBN 0672320584. 
  • Goldsmith, Andrea (2005). „Wireless Communications“. Cambridge University Press. ISBN 0521837162. 
  • Molisch, Andreas (2005). „Wireless Communications“. Wiley-IEEE Press. ISBN 047084888X. 
  • Rappaport, Theodore (2002). „Wireless Communications: Principles and Practice“. Prentice Hall. ISBN 0130422320. 
  • Rhoton, John (2001). „The Wireless Internet Explained“. Digital Press. ISBN 1555582575. 
  • Tse, David; Viswanath, Pramod (2005). „Fundamentals of Wireless Communication“. Cambridge University Press. ISBN 0521845270. 

Надворешни врски[уреди]

Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема: