Бежанска маала (Струмица)
(Пренасочено од Бежанска маала)
Бежанска маала | |
---|---|
маало | |
Свечено откривање на Споменикот на децата бегалци во Бежанскиот парк во маалото | |
Земја | Македонија |
Град | Струмица |
Бежанската маала — една од неколкуте маали во Струмица. Таа се наоѓа во горниот дел на градот, простирајќи се по улицата „Крушевска република“.
Со завршувањето на Балканските војни, во Грција започнал Белиот терор, од кој голем дел од населението од Кукуш избегало во Струмица, а најголем дел од бегалците, локално наречени „бежанци“ се населиле токму во овој дел од градот. Поради нив денес ова маало го носи името Бежанска маала, а исто така постои Бежански парк. Во 2010 година во ова маало бил откриен Споменик на децата бегалци.[1]
Оваа статија поврзана со Струмица е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Откриен споменик на бегалците од Егејска Македонија“. Вечер. 5 јули 2010. Посетено на 18 ноември 2017.[мртва врска]
|