Бегства

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Бегства“ (српски: Бекства) – југословенски филм од 1968 година, во режија на Радош Новаковиќ. Главните улоги ги толкуваат: Велимир Бата Живојиновиќ, Љуба Тадиќ, Славко Симиќ, Златко Мадуниќ, Раде Марковиќ, Ратислав Јовиќ и Слободан Алигрудиќ. Филмот е снимен според вистински настан кој се случил на 22 август 1941 година, кога група од 32 затворени комунисти успеала да побегне од затворот во Сремска Митровица.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Кога започнува Втората светска војна, комунистите кои се затворени уште пред војната се соочуваат со опасноста да бидат стрелани, па затоа решаваат да избегаат од затворот. Тие почнуваат да копаат тунел, но се појавува вода која им го загрозува потфатот, така што им остануав само една можност — да побегнат напаѓајќи ги стражарите. Тогаш кај нив се појавуваат некои стари дилеми. Еден затвореник, кого го мачи комплексот на предавството, смета дека не заслужува да биде револуционер. Поради тоа, додека другите се подготвуваат на очајничкиот обид, тој ја бара смртта, но открива дека водата се повлекла од тунелот. На тој начин, на затворениците им е отворен патот кон слободата...

Наводи[уреди | уреди извор]