Балканско хаику – Харикири (македонска хаику поезија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Балканско Хаику - Харикири“ е книга со хаику поезија за возрасни на македонскиот поет Александар Саша Трајковски. Збирката поезија е во издание на битолското издавачко здружение за книжевен развој „Нов Вавилон“, пуштена во печат месец март, 2023 година. Збирката хаику поезија „Балканско хаику - Харикири“ на поетот Александар С. Трајковски го носи CIP-записот ISBN 9786084864349.[1][2][3]

Станува збор за кратки поетски форми, односно хаику поезија, каде што хаику-мајсторот го обработува балканскиот самоубиствен менталитет на народот, па токму затоа во насловот е содржан и зборот „харикири“, кој на јапонски значи достоинствено самоубиство за кое што се користи посебен вид на меч наречен катана.[4]

„Ова е краток, но доста интересен ракопис, каде што поетот ,боцка’ директно во сржта на балканската, македонската психолошка наезда. Од само едно кратко ѕирнување помеѓу кориците на оваа книга, ни станува јасно каде и како живееме, какви се навиките на народот на ова поднебје, како и длабоката психолошка нарав кон самопропаст, но и наштетувајќи му и издавајќи го најблискиот.“ — ќе напише поетесата Соња Змејкоска Илијовска.

Во некои од своите хаикуа д-р Александар пишува:

„Распнување -

пеперутката се дави во пајажина

со бои црвеникави

Гозба есенска -

птиците ненаситни во лет

ги собраа лозјата преостанати

Гостин -

сенката верно ме дружеше

на ѕидот полураспаднат

Но, во книгата има и доста од ведрата и шеговита, како и апстрактна страна на поетот, каде што знае навидум наивно да си поигра со малите секојдневни случувања:

Куќа напуштена -

занатот на пајакот

палати и рајски замоци гради

Развигорец љубопитен -

се заврел под фустанот

на девојката разиграна

Сијалица улична -

на темнината црна

не ѝ даваше мира

За оваа хаику поезија може да се каже дека измрдува, односно ги крши правилата на оригиналното јапонско хаику, во кое редоследот е 5–8–5, односно се состои од 3 стихови и 17 слогови, па ја добива придавката „балканско“, која во целост соодветствува на содржината од оваа книга.

Делото, поделено во два поетски циклуси, е длабоко емотивно, добро осмислено и напишано на разигран, но зајадлив стил, каде што јасно се наѕира намерата на поетот „да го размрда мирот во душата на читателот“, бидејќи неминовно, секој би се пронашол барем во едно од неговите хаикуа.

Награда:[уреди | уреди извор]

- Награда за најдобра книга со хаику поезија “Балканско Хаику - Харикири” за 2023 год. на поетско - музичкиот настан “Уметност преточена во музика и поезија” - 2023 год. во организација на поетесата Милица Паулус.

Библиографија за авторот:[уреди | уреди извор]

Дипломиран м-р. доктор, македонски поет, преведувач и толкувач, од 29 јуни 2021 година, официјално е член и дел од МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО - БИТОЛА (МНД-Битола), од 07 октомври 2022 година член во Клубот на писателите “КОСТА СОЛЕВ РАЦИН” - Велес и во Здружението на преведувачи и толкувачи на Р Македонија (ЗПРМ).

Книги на Александар С. Трајковски (авторски книги):[уреди | уреди извор]

- 2021. ,,Кратки поеми за најмладите боеми”. Скопје: (Ѓурѓа).

- 2022. “Лирски елегии”. Битола: (Дата Песнопој).

- 2022. “Поеми од Балканот”. Битола: (Дата Песнопој).

- 2023. “Балканско Хаику - Харакири”. Битола: (Здружение за книжевен развој “Нов Вавилон”).

- 2023. “Анатомија на поезијата”. Битола: (Дата Песнопој).

Александар С. Трајковски е добитник е на наградите:[уреди | уреди извор]

- ПРВА НАГРАДА за стихозбирката “Лирски Елегии” за најдобра поетска книга со наградата "ДУШАТА НА ЧАРШИЈАТА".

- ПРВА НАГРАДА за НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА на Меѓународниот литературен фестивал “Божиќна литература 2022” во организација на писателката Милица Паулус.

- Награда за несплатно печатење и за НАЈДОБРА ПОЕТСКА КНИГА за возрасни „Поеми од Балканот“ на Дата Песнопој 2021'

- Награда за НАЈДОБРА ПОЕТСКА КНИГА “Лирски елегии” за 2023 год. на поетско - музичкиот настан “Уметност преточена во музика и поезија” - 2023 год.

- ЗЛАТНА ПЛАКЕТА за НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА “Навидум случајно” на поетско - музичкиот настан “Уметност преточена во музика и поезија”- 2023 год.

- ПРИЗНАНИЕ/MЕДАЛ за допринос во светската култура на меѓународниот фестивал - Европски книжевни “РАСКУСИ 2023” од светската асоцијација на поети и светската академија за литература.

Учествувал на бројни поетски читања низ Македонија и Европа.[уреди | уреди извор]

* Струшки вечери на поезијата

* „Песнило“ – Младински културен центар

* Бела ноќ – Скопје

* Денови на младата македонска проза - Софија

* Софија: Поетики - Софија, Бугарија,

* Меѓународен македонски фестивал за поезија и литература “Струшките Книжевни Средби” 2022

* Меѓународен романски фестивал за поезија и литература 2021 г.

* Самостојна книжевна вечер во Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија, 2016 г.

* Астални проекции – Менада, 2014 г. и 2016 г.

* Денови на младата македонска проза - Софија, 2015 г.

* Барски летопис, самостојна книжевна вечер, Бар, 2015 г.

* СУР - Стих у регији, Загреб, 2015 г.

* Меѓународен поетски фестивал - Европски Книжевни ''Раскуси'', (Пресеци) 2023 г.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. https://denesen.mk/nova-kniga-poezija-i-nagrada-za-poetot-i-doktor-aleksandar-sasha-trajkovski/?fbclid=IwAR0FYbA6zKmey-F4h6hGoc8pq58wnpWNNMiFkocAcRttBNuYyfTKLudkcyg&fs=e&s=cl[мртва врска]
  2. https://tera.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0-%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF/?fbclid=IwAR2C3pTTrQ25ehUGKOg1wy0RI_v3wvJXwmow6UiqcMoopsYYqxBsmtdBWIk&fs=e&s=cl
  3. https://novvavilon.medium.com/%D0%B8%D0%B7%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%B5%D1%87%D0%B0%D1%82-%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%85%D0%B0%D0%B8%D0%BA%D1%83-%D0%BF%D0%BE%D0%B5%D0%B7%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D1%85%D0%B0%D0%B8%D0%BA%D1%83-%D1%85%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B8-%D0%BE%D0%B4-%D0%B4-%D1%80-%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D1%80-%D1%81-%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-c7923bf4a052?fs=e&s=cl&fbclid=IwAR1HazDUXSmbVlACtD7buwsYWHLlcOL3YLVHh8yoWk3RfGtKkzgWriX_0tA
  4. https://bitolanews.mk/2023/02/07/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0-%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%B8-%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%B0%D1%80-%D0%B0/?fbclid=IwAR0pgUqPP_3iS2yh3VvzwH2mQSne_ieXEcpkG_aYkrUKu9MkP6LHWd6JZi4&fs=e&s=cl[мртва врска]