Ај што оган гори во планина

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Ај што оган гори во планина“
Песна
Јазикмакедонски
Жанрмакедонска народна музика
Должина2:40 (Костадинка Палазова)

„Ај што оган гори во планина“македонска народна песна. Песната е посветена на македонските партизани кои во песната се борат на една планина против фашистичките окупатори на територијата на Македонија, за време на Втората светска војна. Песната има патриотски и партизански карактер.

Текст[уреди | уреди извор]

Ај што оган гори во планина,
ајде во планина, сред корија.
Ај што пушки грмат, бомби трештат,
ајде цела земја ја потресуваат.

Ајде нека знаат душманите,
таму борба водат партизаните,
смела борба водат, не се жалат,
на фашисти клети не се предаваат.

Ми викна смело партизанка:
- Бегајте дома, клети фашисти!
Овде е земја Македонија,
за вас фашисти црна гробнина.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]