Ајкула-негувател
Од Википедија, слободната енциклопедија
Долгата жолто-кафеава ајкула-негувател (Nebrius ferrugineus) што живее при дно особено ја сакаат подводните фотографи затоа што може да и се пријде блиску, иако знае да касне ако е вознемирена. Дење тивко се одмара во спилите и каналите на коралните грбени, а ноќе излегува да лови без'рбетници. Пар долги сетилни мустаци од двете страни на устата и помагаат на оваа ајкула во барањето плен, што го дроби со широките заби.